Мијалков проевропски пред одржувањето на ЦК на ВМРО - ДПМНЕ, по дозвола од СЈО, преку судот си го добил назад пасошот, со образложение дека морал да "брка" бизнис

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 9:48

Вратен пасошот на Мијалков со “помош” на СЈО?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во текот на вчерашниот ден, додека се подготвуваше седницата на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ и обидот на Мијалков за смена на актуелниот претседател, Мицкоски, СЈО го “награди” обвинетиот со враќање на патната исправа.

Имено по објавата на истражните постапки од страна на СЈО и Катица Јанева, на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање како времена мерка за претпазливост, на барање на СЈО, Кривичниот Суд Скопје му ја одзеде патната исправа – пасош како мерка за безбедност.

Вчера низ т.н. независна, законска и проевропска, ЕУ интегративна процедура со одобрение на СЈО и Јанева, судот му го вратил пасошот на Сашо Мијалков.

Во образложението стои дека патната исправа му треба за да комуницира со странство како стопанственик и дека тоа нема да влијае врз редовното присуство на рочиштата.

Судот по консултации со СЈО и Јанева ја прифатил “променетата” позиција кон обвинетиот.

Сашо Мијалков е прво осомничен во целокупниот процес на нелегално прислушкување разговори поради кој и се формираше СЈО а и поради кој падна владата на Никола Груевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести