Челзи може да добие нов сопственик и тоа – најбогатиот Британец!

Објавил: Сања Кукиќ | 19 март, 2019 20:39

Абрамович го продава Челзи!?

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Дали ,,сините” ќе добијат нов сопственик? Се поизвесно е дека мултимилјардерот Џим Ретклиф е подготвен да плати 3 милјарди фунти и да ,,загосподари,, со лондонски Челзи.

Долго време се шпекулира за продажба на Челзи, а сега се појави нова информација за потенцијалните купувачи.

Џим Ретклиф, e најбогатиот Англичанец, кој е гигант во петрохемиската индустрија. Ретклиф поседува сезонска карта за натпреварите на „Стамфорд бриџ“, иако е голем навивач на Манчестер јунајтед. Според пишувањето на „Тајмс“, Ретклиф е „двојно потежок“ од Абрамович и неговото богатство се проценува на 21,05 милијарда фунти.

Имено, Џим Ретклиф кој важи за набогат Британец сака да го купи лондонскиот клуб.

Ретклиф интерес за купување на Челзи покажуваше и минатата година кога понуди сума од 2.1 милијарда фунти, но сепак таа сума беше одбиена затоа што Абрамович не сакаше да слушне за сума помала од три милијарди фунти.

Меѓутоа според информациите кои доаѓаат од Острвот работите сега можат да се променат и Абрамович би можел да постигне договор со Ретклиф. Освен тоа како дополнителен аргумент на оние кои сметаат дека Челзи би можел да заврши во рацете на Ретклиф е што Абрамович поголемиот дел од сезоната не беше присутен на „Стемфорд Бриџ“ поради проблемот да добие виза.

Вредноста на богатството на Ретклиф се проценува на 21 милијарда фунти. Неодамна тој го купи и велосипедскиот тим Скај кој на крајот на ова година своето име ќе го промени во Инеос.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.