Настраданите биле единствените луѓе на летот на „Такуан Ер”, соопштија локалните власти.

Објавил: Сара Фемина | 21 мај, 2019 20:56

Авионска несреќа на Алјаска, има и жртви!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во период од една недела, ова е втора авионска несреќа во Алјаска на летало од „Такуан Ер”.

Во авионска несреќа на Алјаска загинаа две лица, кога хидроавион на авиокомпанијата „Такуан Ер”, во кој се наоѓале пилотот и патник, се урна во пристаништето Метлакатла, недалеку од градот Кечикан, во југоисточниот дел на оваа американска сојузна држава.

Се уште не се објавени околностите за оваа трагедија. Како што соопштија локалните власти, настраданите биле единствените лица на летот на „Такуан Ер”.
Летало на „Такуан Ер” учествуваше во судир на два хидро авиона во североисточниот дел на Алјаска претходната недела. Во несреќата загинаа шест лица – едно од авионот на „Такун Ер” и петмина од друг авион.

Истрагата за авионската несреќа се уште е во тек и се спроведува од страна на федералната агенција за безбедност.

Беа повредени 10 лица и сите беа американски државјани, а патниците на двата лета беа гости од бродот „Присес Крусес”.

Алјаска преставува најголема држава во САД зафаќа површина од 1.717.855 km², и на тој простор живее население од 663.661 жители. Нејзината територија е составена најмногу од планини, на кои има активни вулкани и многу ледници. Во Алјаска се наоѓа највисокиот врв во Северна Америка Макинли висок 6.149 м. Климата на Алјаска е супполарна, а во делови на приморјето застапена е и умерено континентална клима. Најголема река во Алјаска е Јукон, таа има и многу езера.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Министерот за здравство Венко Филипче кој беше во посета на повредените пациенти хоспитализирани на КАРИЛ, попладнево изјави дека четворица од повредените се во тешка состојба со висок степен на изгореници.

Четири лица повредени во експлозијата во Романовце се со висок степен на изгореници

Голема трагедија ја потресе денеска Македонија, откако животот го загубија три деца...

„Причината за пожарот е експлозија на плинска боца. Роднините и соседите ги изнеле повредените, по што ние околу еден час го гасневме пожарот“, велат пожарникарите.

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Три деца загинаа, шестмина повредени oд експлозија на плинска боца во Романовце

Утрово во куќа во кумановското село Романовце настанал голем пожар при експлозија...

Полициски припадници од Полициска станица Кисела Вода го уапсиле лицето  В.С.(47) од Скопје, бидејќи ја нападнал својата мајка. 

ХОРОР ВО КИСЕЛА ВОДА: Со нож ја прободел сопствената мајка, а потоа жива ја запалил

Вчера, на 21.02.2020 попладне околу 16,23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ се случувала вистинска...