„Ер Србија“ претходно објави дека новиот авион го добил својот уникатен изглед во Шенон, Ирска, а за процесот на сликање биле користени 22 различни бои и околу 250 литри боја.

Објавил: Сара Фемина | 25 април, 2021 9:48

Авион со ликот на Никола Тесла пристигна во Белград (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новиот авион „Ербас А330“ со ликот и името на Никола Тесла, што ќе го користи националната авиокомпанија „Ер Србија“ на летовите кон Њујорк, слета вчера на белградскиот аеродром.

„Ер Србија“ претходно објави дека новиот авион го добил својот уникатен изглед во Шенон, Ирска, а за процесот на сликање биле користени 22 различни бои и околу 250 литри боја.

Потребни беа осум дена непрекината работа во три смени, со тимови од околу 10 лица на смена, за да се создаде ликот на познатиот српски научник“, објави „Ер Србија“.

Препознатливата сина боја, како дел од корпоративниот идентитет на националната авиокомпанија, беше избрана за основна боја на лицето на Тесла, за чиј графички приказ биле користени 19 различни тонови од оваа боја.

Извршниот директор на „Ер Србија“, Данкан Нејсмит претходно изјави дека доаѓањето на овој авион е исклучително важен настан за авиокомпанијата, и дека релација Белград-Њујорк е една од клучните и дека е сигурен дека пристигнувањето на новиот авион ќе придонесе до уште подобро патничко искуство за патниците, како и успехот на рутата што го поврзува целиот регион со САД.

„За нас е голема чест што нашиот авион ќе го носи името и ликот на Никола Тесла. Фактот дека тој е голем генијалец од овие простори, но дека поголемиот дел од својот живот го помина во Њујорк, дополнително и дава значење на симболиката на неговиот лик во авионот што ги поврзува Белград и познатата метропола “, истакна Нејсмит.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Израелските пратеници вчера ја изгласаа новата коалициска влада, со што означија и крај на 12 последователни години владеење на Бенјамин Нетанјаху.

Крај на 12-годишното владеење на Нетанјаху: Израел доби нова влада

71-годишниот политичар, не ја напушта власта тивко, заминува обвинувајќи ги своите...

Министерската одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре, во 6 часот наутро, а воведени се неколку промени, кои во петокот ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас.

АКТУЕЛНИТЕ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА ПРОДОЛЖЕНИ ЗА УШТЕ ЕДНА СЕДМИЦА

Правилата за влез во Грција што предвидуваат задолжителен PLF формулар и една од трите...

Во пресрет на летната туристичка сезона, амбасадорите на 27-те земји на ЕУ ја одобрија препораката предложена од Европската комисија, а која не е обврзувачка за земјите-членки.

Членките на ЕУ се договорија за влегување на целосно вакцинирани патници од трети земји

Претставници на 27-те земји членки на Европската унија денеска се согласија да дозволат...