Свет
Србија
Националната авиокомпанија „Ер Србија“, покрај веќе воведените летови до Цирих и Франкфурт, од денеска ќе лета и за Лондон (Хитроу) и Виена.
Ер Србија ќе има лет А319 кон Лондон во 10.25 часот и лет за Виена во 18,50 часот, објави белградскиот аеродром „Никола Тесла“.
Исто така денес, Ер Србија ќе лета за Цирих во 12.40 часот и до Франкфурт во 17,30 часот.
На 21 мај српската авиокомпанија го продолжи трговскиот патнички сообраќај со летови кон Цирих и Франкфурт. Билетите се во продажба на уште две дестинации, Париз и Амстердам, за летови од 31 мај, за кои еден лет неделно е закажан до 14 јуни.

Покрај тоа, „Ер Србија“ ќе ги обнови комерцијалните летови за Њујорк на 6 јуни, додека од 13 јуни бројот на прекуокеанските летови на српската национална авиокомпанија ќе се зголеми на двапати неделно.
Во последната недела од мај, националната авиокомпанија ќе започне со постепено обновување на летовите до одредени дестинации во регионот.
Ер Србија планира да го направи првиот лет од Белград кон Љубљана на 29 мај, како прва авиокомпанија што се врати на тој аеродром, а потоа и во текот на првите две недели од јуни, покрај Љубљана, повторно да воспостави сообраќај кон Подгорица, Тиват, Сараево, Бања Лука и Скопје.
Српската авиокомпанија ќе го продолжи редовниот патнички сообраќај во согласност со одлуките на регулаторните тела на други земји.
„Ер Србија“ најави дека ќе ги примени сите неопходни мерки на безбедност на своите летови, во согласност со највисоките стандарди за безбедност и хигиена, како и упатствата на надлежните домашни и меѓународни регулаторни тела.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Србија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.