Според информациите од веб страницата на аеродромот, утринава на скопскиот аеродром, реализирани се сите полетувања меѓу кои за Гетеборг, Лондон и Ларнака, а слетале авиони од Копенхаген, Франкфурт, Берлин, Доха и Ларнака.

Објавил: admin@magazin | 1 јануари, 2020 12:18

Авиосообраќајот на првиот ден од Новата година се одвива нормално

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Авиосообраќајот во скопскиот аеродром на првиот ден од Новата година, се одвива нормално.

Според информациите од веб страницата на аеродромот, утринава на скопскиот аеродром, реализирани се сите полетувања меѓу кои за Гетеборг, Лондон и Ларнака, а слетале авиони од Копенхаген, Франкфурт, Берлин, Доха и Ларнака.

Нокеска илјадници граѓани ја дочекаа Новата година на плоштадите, без поголеми инциденти.

Во организација на Град Скопје, над 60 000 граѓани од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“ со спектакуларно шоу со најголемите хитови на големата музичка ѕвезда, Дино Мерлин.

Добрата атмосфера со пеењето на познатите хитови на новогодишната ноќ, дополнително ја крена повеќе минутниот огномет со кои се означи почетокот на новата година.

Граѓаните си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...