Горат повеќе од 50 помали пожари, а противпожарната служба примила информации дека поедини луѓе се заробени во своите куќи, известува националната телевизија „АБЦ“.

Објавил: Сара Фемина | 8 ноември, 2019 16:58

АВСТРАЛИЈА ВО ПЛАМЕН – ПОЖАРОТ НЕ ЗАПИРА: Се евакуираат градови, досега настрадаа над 300 коали!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Повеќе градови во Австралија се евакуирани поради големиот број на шумски пожари кои беснеат во две австралиски сојузни држави.

Како што пренесува Ројтерс, противпожарната бригада од Њу Саут Велс издала предупредување за 17 пожари и ги советувала луѓето да го напуштат подрачјето или да најдат засолниште.

Во природниот резерват Лејк Инес се уништени две третини од популацијата на коали минатиот месец, а остатокот е загрозен поради новите 15 пожари во австралиската југоисточна сојузна држава Њу Саут Велс.

Тоа значи дека околу 350 коали настрадале во пожарот, соопштија австралиски организации за заштита на животните.

Моментално горат повеќе од 50 помали пожари, а противпожарната служба примила информации дека поедини луѓе се заробени во своите куќи, известува националната телевизија „АБЦ“.

Медиумите известуваат дека повеќе од 1.000 пожарникари и 70 авиони учествуваат во гаснењето на пожарите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој посочи доколку се покаже дека одржувањето на Олимпијадата во Токио ова лето е премногу опасно поради епидемијата на коронавирус, рече дека во тој случај најверојатно организаторите ќе го откажат настанот.

Олимпијадата во Токио ќе биде откажана поради Коронавирусот ?

Олимписките игри 2020 година кои треба да се одржат во Токио постои можност да бидат...

Анџело Борели, шеф на регионалната агенција за цивилна заштита, рече дека сите тројца што починале денеска биле постари лица, на 83, 84 и 91 година.

Нови четири смртни случаи од коронавирусот во Италија

До сега 11 лица починаа како последица од новиот смртоносен коронавирус, објавија денеска...