Честитки

Објавил: Калина Мартинска | 25 мај, 2024 21:15

Австриецот Шварцлер го освои „Македонија Опен“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Младиот 18-годишен австриски тенисер Жоел Шварцлер е победник на годинашново издание на „Македонија Опен“, откако во финалето денеска го совлада Полјакот Камил Мајхчак со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

Финалниот дуел траеше еден час и 21 минути.

Шварцлер е во моментов најдобриот светски јуниор, а ова е негов прв триумф на Челинџер турнир во кариерата.

„Честитки за организаторите. Ова за мене беше одлична недела. Одиграв одличен турнир и задоволен сум од мојот настап. Ова е голем успех за мене и прв освоен Челинџер турнир, затоа сум пресреќен“, изјави Шварцлер.

Шварцлер за триумфот на „Македонија Опен“ ќе добиве 75 поени и 10.200 евра, додека финалистот Мајхчак ќе добие 44 поени и 6.015 евра.

Во конкуренција на двојки победија Сигерман и Трхач од САД откако во финалето со 2-0 во сетови ги победија Поулсен и Рикл од Чешка.

Претходни игри

Полјакот Камил Мајхржак и Жоел Шверцлер од Австрија се бореа за трофејот на АТП Челинџерот во Скопје. Двата меча трае заедно 320 минути и беа решени по три сета игра.

Полјакот Мајхржак го победи Американецот Рајан Сигерман со 2-1 во сетови (7-6/2, 6-7/6, 6-2) за 135 минути игра, притоа испушти две меч топки во вториот сет кога имаше водство од 5-4 во гемови. Но, тоа што не го реализираше во вториот сет му успеа во решавачкиот откако по 1-0 за ривалот направи серија од пет гема што се покажа како решавачка.

Неговиот ривал во финалето Шварцлер со пресврт стигна до триумф. Жерар Кампана Ли го доби првиот сет откако ги искористи грешките на австрискиот тенисер и го доби првиот сет со 7-6 во гемови и 7-4 на поени. Во првиот сет Шварцлер постојано „го бркаше“ резултатот. Во вториот сет при 4-3 во гемови Шварцлер го направи вториот брејк за водство од 5:3 и со тоа навести решавачки сет. Во третиот сет Шварцлер направи брејк за водство од 1:0, а потоа со вториот брејк поведе со 5-2 и го реши сетот со 6:2 и се избори за финалето. Во двата меча беа одиграни вкупно 410 поени. (210 + 200).

Во конкуренција на двојки познат е едниот финален пар. Чесите Ендрју Полсон и Патрик Рикл ги победија победија вториот носител Давид Луиз Мартинез и Кристијан Родригез (Колумбија/Венецуела) со 2-0 во сетови (6-4, 6-3). Во второто полуфинале играат:  Американците Рајан Сигерман и Патрик Трак со 2-0 во сетови (7-5, 7-6/6) ги победија Марко Боролоти и Давид Пел (Италија/Холандија).

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.