На сцената на Европската Унија и Европската Комисија и земјите членки поединечно, на голема врата се подготвува враќање на власт на силите на крајните десничарски партии

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 17:54

Австриската крајна десница го покани Орбан за заеднички блок во ЕП

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на крајнодесничарската партија во Австрија во понеделникот ја зголеми изгледите за формирање заеднички блок во Европскиот парламент со партијата на националистичкиот унгарски премиер Виктор Орбан, пренесува „Локал“.

Хајнц Кристијан Штрачх, лидерот на крајнодесничарската Слободарска партија на Австрија.

„Со задоволство ги канам унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидеш во иднина да работиме заедно во заеднички блок во ЕУ“, напиша на „Фејсбук“ вицепремиерот Хајнц Кристијан Штрачх, лидерот на крајнодесничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО).

Штрахе и другите во ФПО често ја имитираа строгата антимигрантска реторика на Орбан, но моментно ФПО седи со други крајнодесничарски партии во групата – Европа на нациите и на слободата (ЕНФ). Коментарите на Штрахе доаѓаат по говорот што Орбан ќе го упати до Европскиот парламент во одбрана на својата влада против извештајот во кој се наведуваат серија проблеми во врска со владеењето на правото и човековите права во Унгарија.

Подоцна неделава европратениците ќе гласаат за тоа дали да побараат т.н. постапка по членот 7 против Унгарија, со која на крајот би можеле да ѝ ги укинат правата за гласање во ЕУ – постапка што почна само еднаш против Полска минатиот декември.

 

Себастијан Курц, актуелен Канцелар на Австрија и член на Австриската Народна Партија.

Загриженоста за проблемите со владеењето на правото и со третманот на мигрантите доведе и до повици Фидеш да биде протерана од централизираната десничарска група Европската народна партија (ЕПП).

Колегата на Штрахе во австриската влада, канцеларот Себастијан Курц, чија Народна партија (ОВП) на десниот центар е во ЕПП, во понеделникот го критикува Орбан велејќи дека европратениците од ОВП ќе гласаат за почнувањето на постапката од членот 7 и ќе ја поддржат суспензијата на членството на Фидеш во ЕПП.

„Нема компромис за владеењето на правото и демократијата. Основните вредности мора да бидат заштитени“, изјави Курц.

Германецот Манфред Бевер е актуелен претседател на Европската Народна Партија ЕПП и можен иден претседател на Европската Комисија.

Претседателот на ЕПП, Германецот Манфред Вебер, претходно се спротивстави на исклучувањети на Фидеш, но рече дека партијата нема да добие поволен третман ако успее да го замени Жан-Клод Јункер како шеф на Европската комисија в година.

„Кога станува збор за основни права и вредности, никој во ЕПП не добива поволен третман вклучувајќи ја и Фидеш“, рече Вебер минатата недела.

Иако потезите на Орбан предизвикаа отпор, тие беа поздравени од популистите во ЕУ.

Матео Салвини е актуелен вицепремиер на Италија и министер за внатрешни работи како и претседател на десничарската Италијанска Лига.

Новиот крајнодесничарски министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини.

Салвини изрази восхит кон Орбан, а минатиот месец двајцата се појавија зна промовирањето антимигрантски манифест за европските парламентарни избори в година.

Салвини минатата недела се сретна и со поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Банон, кој тврди дека разговарал со Орбан за формирањето паневропско десничарско движење пред изборите во 2019 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Од почетокот на годината, во централна Африка, каде вообичаено се јавуваат мајмунски сипаници, се пријавени речиси 1.500 случаи и 70 смртни случаи.

СЗО: Мајмунските сипаници не се закана за глобалното здравје

Во моментов, мајмунските сипаници не претставуваат закана за глобалното здравје, соопшти...

Заедно! добива релативно мнозинство со 224 пратеници, Нупес – сојузот на левицата е на второ место со 149 пратенички места, според првите проценки.

Францускиот претседател Емануел Макрон нема да има апсолутно мнозинство во Националното собрание

Според сите први проценки на институтите за испитување на јавното мислење, францускиот...

Арктикот - местото на најбрзо затоплување на Земјата - веќе влезе во невидена состојба на „закана за глобалната климатска стабилност“.

СЕ ЗАКАНУВА НОВА ОПАСНОСТ ВО СВЕТОТ: Ќе имаме само уште 9 години нормален живот (ВИДЕО)

Арктичкиот морски мраз ќе исчезне околу 2029 година според сателитските слики, предизвикувајќи...

Научниците предупредуваат дека населените места и големите туристички атракции се во голема опасност.

СЕ РУШАТ ПЛАНИНИТЕ НА АЛЈАСКА: Ќе предизвика цунами и тоа не е најлошото што може да и се случи на планетата

Новите истражувања покажуваат дека планините на Алјаска полека се рушат, бидејќи мразот...