
Свет
Криза
Илјадници излегоа на улиците во Виена денес во знак на протест против ограничувачките мерки насочени кон сузбивање на пандемијата на коронавирусите, откако владата на канцеларот Себастијан Курц разговараше за нивно продолжување!
Според проценките на полицијата, се собрале околу 10.000 луѓе.
Демонстрантите, главно без заштитни маски, носеа транспаренти на кои пишуваше „Курц мора да оди“.
Австрија, земја со околу 8,9 милиони жители, е во третата блокада, а отворени се само продавници за храна.
Од почетокот на пандемијата во Австрија, заразени се близу 390.000 луѓе, додека речиси 7.000 починале. Експертите за јавно здравје по состанокот со владините претставници изјавија дека стапката на инфекција е превисока за да размислат за ублажување на ограничувањата.
Владата утре ќе ги објави следните чекори во борбата против вирусот корона!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.