Пренасочувањето ќе трае се до завршување на активностите на терен кои се вршат по налог на „БЕГ“, од каде очекуваат градежните зафати да завршат до понеделник (26.07.2021 година).

Објавил: Владо Марин | 23 јули, 2021 11:06

АВТОБУСИТЕ ВО НАСОКА НА ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ЌЕ СООБРАЌААТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

АВТОБУСИТЕ ВО НАСОКА НА ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ЌЕ СООБРАЌААТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека денеска, петок (23.07.2021 година) после 17 часот, поради изведување на градежни активности на дел од коловозот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од семафорите кај Веро Џамбо до семафорите пред Транспортен центар, возилата од линиите кои сообраќаат во овој реон во насока на Транспортен центар/Ново Лисиче/населба Лисиче и слично, ќе имаат изменет режим на сообраќање.

❗Пренасочувањето ќе трае се до завршување на активностите на терен кои се вршат по налог на „БЕГ“, од каде очекуваат градежните зафати да завршат до понеделник (26.07.2021 година).

◾Линиите 7, 17 и 33◾

➡️од булевар „Кузман Јосифовски Питу“ (после Веро Џамбо), ќе продолжат кон булевар „Крушевска република“ (кај Феријален дом), потоа по булевар „Трета македонска бригада“ ќе продолжат по својата редовна траса

◾Линиите 3, 3Б, 5, 15, 15А, 20, 21, 21А, 22, 23, 27 и 35◾

➡️од булевар „Кузман Јосифовски Питу“ (после Веро Џамбо), ќе продолжат кон булевар „Крушевска република“ (Феријален дом), потоа по булевар „Трета македонска бригада“, улица „Никола Карев“ до крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“, па ќе вртат десно кон постојката Железничка станица – кон Аеродром и потоа ќе продолжат по својата редовна траса

◾Линиите 11, 11А, 18, 18а, 118, 31, 32, 41, 45, 47, 47а, 51, 51а, 52, 53, 54, 55, 56, 58, 58а, 58б, 58в, 60, 61, 62, 63, 63а, 65В, 66, 67, 68, 70, 71, 74 и 81◾

од булевар „Кузман Јосифовски Питу“ (после Веро Џамбо), ќе продолжат кон булевар „Крушевска република“ (Феријален дом), потоа по булевар „Трета македонска бригада“, па улица „Никола Карев“ до крајната/почетна постојка на Транспортен Центар

❗Во обратна насока возилата од посочените линии ќе сообраќаат по вообичаената траса.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

– Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изменет сообраќаен режим денеска во Скопје

Поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ денеска од 09 до 14 часот ќе има...

Воедно, до 20 септември на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки мост поради изведување градежни работи (асфалтирање) собраќајот ќе се одвива наизменично по една коловозна лента за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради градежни работи времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради градежни работи времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид На патниот...

На Самитот министерот Бочварски ја потпиша Декларацијата за подобрување на квалитетот и брзината на услугите на железничката мрежа преку проширување на транс-европската транспортна мрежа во согласност со стандардите на ЕУ.

Бочварски од Самитот на железници во Белград: Работиме на регионално унапредување и модернизација на железницата

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски учествува на Меѓународниот самит...