
Свет
Трагедија
Најмалку 24 лица загинаа денес кога автобус кој носеше свадбена поворка се урна во река во западна Индија, соопшти полицијата.
Возачот изгубил контрола над автобусот откако се дупнала една гума додека бил на автопатот. Петмина од преживеаните се хоспитализирани.
Несреќата се случила во близина на Кота, на околу 500 километри јужно од Њу Делхи.
Автобуските несреќи се вообичаени во Индија.
Се случуваат најчесто поради замор на возачот, несовесно возење, лошите патишта и пренатрупаните возила кои убиваат 150.000 луѓе секоја година.
Најмалку 14 луѓе загинаа, а 35 лица беа повредени неодамна во судир на автобус и камион во северна Индија, соопшти полицијата.
Шефот на полицијата, Раџеш Синг, изјави дека 10 лица починале на лице место, а четири во болница. Тој додал дека во судирот уништен е предниот дел на автобусот.
http://https://www.youtube.com/watch?v=1S1cUgEmAZo&feature=emb_title
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.