„Југо корал“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.М.(30) од Охрид удрило во Ј.М.(55) од Охрид, која била пренесена во Општата болница Охрид

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 септември, 2019 11:53

АВТОМОБИЛ ПРЕГАЗИ ЖЕНА ВО ОХРИД!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера во доцните часови „Југо“ прегази жена во Охрид.

На 06.09.2019 во 20,20 часот било пријавено дека во Охрид на крстосницата од улицата „Сирма Војвода“ со улицата „Лазо Трпоски“ патничко моторно возило „југо корал“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.М.(30) од Охрид удрило во Ј.М.(55) од Охрид, која била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

Четири лица се полесно повредени во четири од вкупно шест сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Охрид, а две поминале со материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција од Охрид, открила и санкционирала голем број прекршоци, меѓу кои двајца возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сигналните уреди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

Од итната помош додаваат дека повреденото лице е префрлено на лекување во скопските клиники.

ТЕШКА НЕСРЕЌА ЈА РАЗБУДИ МАКЕДОНИЈА: Еден загинат и еден повреден во сообраќајка на „Октомвриска револуција“

Како што соопштија од Итна помош Куманово, едно лице загина, а друго е повредено во...