Телефонски разговор со Зеленски

Објавил: Калина Мартинска | 23 мај, 2024 17:10

Агендите во Рим не им се поклопија – Радев очекува што поскоро средба со Сиљановска-Давкова

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Република Cеверна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа со тоа што ќе ги исполни сите барања што ѝ ги поставува ЕУ како што беше со случајот сo секоја земја-членка“, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите во Рим

Исто како и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, беше на аудиенција кај Папата, во чест на одбележувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Мојата порака до претседателката е дека Бугарија очекува промена на реториката и конечно крај на јазикот на омразата, додал шефот на бугарската држава.

Бугарскиот претседател објаснил дека бугарската делегација денес не била во можност да се сретне со македонската делегација.

Позитивен знак е што претседателката на РСМ покажа желба за средба, одговорил Радев на прашањето дали е побарана средба меѓу него и Силјановска Давкова во Рим.

-Очекувам дека таква средба ќе има наскоро, рекол тој, додавајќи дека ја кани Сиљановска Давкова на официјална средба во Софија.

Сметам дека желбата на PCM за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на РСМ кон ЕУ. Се надевам и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателката на РСМ, ако не се лажам, да дојде во Бугарија, кажал Радев, пренесуваат бугарските медиуми.

Телефонски разговор на претседателката Сиљановска Давкова со украинскиот претседател Зеленски

Претседателката Гордана Сиљановска Давковa денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Во разговорот со украинскиот претседател Зеленски, претседателката Сиљановска Давкова, како што информираат од нејзиниот кабинет, ја нагласи нашата цврста и недвосмислена поддршка кон Украина во однос на неиспровоцираната и неоправдана руска воена агресија.

Осврнувајќи се на меѓународното право, принципите на Повелбата на ОН и Статутот на Советот на Европа, претседателката рече дека украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво и пријателство во справувањето со историскиот предизвик со трајни и несогледливи последици.

Двајцата соговорници разменија мислење и за претстојниот Самит чиј домаќин ќе биде Швајцарија, чија цел е да создаде рамка поволна за сеопфатен и траен мир во Украина.

Претседателот Зеленски во текот на разговорот ја покани претседателката Сиљановска Давкова да ја посети Украина,  за што тие дополнително ќе се консултираат на Самитот во Швајцарија.

За време на разговорот беа нагласени одличните односи меѓу двете земји, карактеризирани со идентични вредности, меѓусебна почит и разбирање, силно потврдени со континуираната соработка во сите области од заеднички интерес.

Претседателката Сиљановска Давкова и претседателот Зеленски ја реафирмираа посветеноста од натамошна заемна поддршка во меѓународната дипломатија, во насока на исполнување на европската аспирација на двете држави.

Телефонскиот разговор со претседателот Зеленски, претседателката Сиљановска Давковa го оствари од Рим, за време на нејзината посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести