
Македонија
Вести
По четири години бегство, Агим Красничи е вратен во затвор. Во текот на вчерашниот ден бил екстрадиран од Косово, а заедно со него пристигнал и Сехат Рамадани кои се осудени за повеќе кривични дела поврзани со тероризам, киднапирање, изнуда , насилство. Красничи е сместен во штипскиот затвор, каде ќе треба да одлежи уште три години затвор од вкупно 15те на кои беше осуден.
Недостапен за македонските власти Красниќи стана во 2020та. Користел слободен викенд па не се вратил во затвор. Македонската полиција распиша меѓународна потерница, а во април годинава, косовските власти го уапсиле во Урошевац.
Пред 2008 година, Агим Красниќи беше водач на т.н. „кондовска група“. Во 2004-тата и 2005-тата година предизвикаа и мини-криза во земјата која закрепнуваше од конфликтот во 2001-та година. Групата го зазеде Кондово, при што беа заробени неколку полицајци.
Групата беше разбиена, а Красничи седна на обвинителна клупа. Одговараше за подготвување тероризам, но доби ослободителна пресуда бидејќи немало докази кои го опишуваат кривичното дело.. Апелациониот суд случајот го врати на повторено судење, а во меѓувреме против Красничи беа поднесени и други обвиненија кои му донесоа вкупна затворска казна од 15 години.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.