Димишков сведочеше дека откако му бил определен притвор на Камчев започнале да се појавуваат негови роднини и пријатели, кои му велеле како може да се помогне, во оваа ситуација, меѓу кои го споменува и Зоран Милески-Кичеец. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 февруари, 2020 11:54

Адвокатот Димишков: Камчеви сакаа да ме искористат, и да ја тргнат сестра ми од „Империја” !

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешното рочиште за случајот Рекет, сведочи адвокатот Васил Димишков. Бранителот на првообвинетиот во случајот, Бојан Јовановски постави прашање до Димишков дали познава лице Владимир Ефтимовски. На ова тој одговори дека станува збор за директор на Стопанска банка Битола со кого имал контакти како и со сите негови клиенти како адвокат, пренесува „Плус инфо“.

Адвокатот, Васил Димишков, брат на судијката на претходна постапка, Весна Димишкова која го води случајот Империја, денеска се појави како прв сведок на одбраната предложен од обвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет”. Димишков рече дека Камчев сакал да го искористи за да ја тргнат сестра му од предметот за кој тој е осуден.

– Во летото 2018 година банката имаше предмет за еден клиент кој не сакал да врати кредит. Во тоа време директорот ми рече дека за предметот со мене сакал да се види Камчев и потоа ми рече да појдам во неговите канцеларии во комплексот Систина. Ме спроведоа до канцеларијата, дојде Камчев, разговаравме, па ми покажа документи и видов дека беа наредби и имаше една наредба на која го пишуваше името на судијката Весна Димишкова која ми е сестра. Бев изненаден зошто очекував да зборуваме за друго. Тој ми рече дека сака да ме вклучи во неговиот тим адвокати. Потоа ми рече да му оставам два – три дена, па пак да се видиме. Не ме повика потоа, ниту се јави, на тоа заврши се – рече сведокот Димишков.

Димишков сведочеше дека откако му бил определен притвор на Камчев започнале да се појавуваат негови роднини и пријатели, кои му велеле како може да се помогне, во оваа ситуација, меѓу кои го споменува и Зоран Милески-Кичеец. 

– Меѓу нив беше и Зоран Милевски кој инсистираше на повторни средби иако му кажав дека ништо не можам да помогнам. Тој во една прилика направи средба и со сопругата на Камчев, колешката Ана Камчева. Кога се сретнавме со неа ми објасни дека имаат намера да го зголемат тимот на адвокати, вештаци и други лица за одбраната и ми рече дека планираат да ме ангажираат и мене. Им кажав дека тоа што го бараат од мене не може да се оствари за таков краток период. Мислам дека Камчева која ми е колешка ме сфати и се согласи со мене дека не е можно тоа да се направи за тој краток период – рече Димишков и додаде дека средбата завршила со заклучок тој да направи свои пресметки колку би чинел неговиот ангажман.По неколку дена направив пресметки но мислам дека ги прозрев нивните намери, мислам дека тие сакаа да ме искористат, да ме ангажираат затоа што ако ме ангажираат мене, тогаш по сила на законот, мојата сестра која тогаш беше судија во претходна постапка ќе биде иземена од предметот. Кога се видовме со Милевски му кажав сума која знаев дека нема да биде прифатлива, откако му ја кажав сумата на Милевски, тогаш никој ниту ми се јави, ниту ме побара – сведочи адвокатот Димишков.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...