Давидовиќ тврди дека сите што се испазариле со обвинителството не се на обвинителна клупа додека Василевски се буни со претпоставки а не со докази.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 февруари, 2019 22:47

Адвокатот на Нинџа: УБК апсолутно влијаело и ги смислило настаните од 27 Април?

Фото/Текст извор: ©телма

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа слушаше и молчеше додека неговиот адвокат во завршните зборови во судот рече дека неговиот клиент е злоупотребен од службите на тајната полиција за насилствата кои се случија на 27 ми Април. 

Давидовиќ тврди дека сите што се испазариле со обвинителството не се на обвинителна клупа додека Василевски се буни со претпоставки а не со докази. Тој тврди дека е повеќе од јасно, дека УБК дирекно влијаеле и ги смислиле настаните што се случија на 27 април.

Дејствијата кои му се ставаат на товар на Нинџа за 27 април, посочи Давидовиќ, обвинителството се обидува да ги докаже само со еден телефонски повик од неговиот брат Благоја Василевски кој бил во Виена како обезбедување на Никола Груевски, со една снимка од пред кафе-барот „Дион“ и со исказите на браќата Младеновски и на Симовски.

Сите припадници на УБК се внатре, еве Нинџа кажува и за Груевски и за другиве обвинети, овде повеќе од јасно два и два секогаш е четири дека УБК апсолутно влијаело и го смислило настанот.

Не можеле директно можеби да се замешаат и едноставно ги искористиле патриотските здруженија кои што повторно работеле во нивна корист. 

На прашањето од новинарот дека УБК ги формирало патриотските здруженија одговори:

Можеби, тоа никогаш не можете да бидете сигурни.

Јане Ченто особено оној сведок ако бевте присутни објаснуваше како се формираа патриотските здруженија во странство, така да и тоа е сосема можно сценарио, што е и најмалку важно, битно е дека се злоупотребени и искористени нивните национални и патриотски чувства.

 

Звонко Давидовиќ -27 Април е оргиран од УБК from MACEDONIAN MAGAZIN on Vimeo.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Мијалков е во куќен притвор и со полициска придружба беше донесен во судницата и со истата придружба ќе биде однесен во истражниот затвор во „Шутка“. Таму ќе биде однесен и Ибраими.

Сашо Мијалков три години затвор и веднаш во притвор во Шутка!

На денешната судска седница донесени се следниве пресуди: Затворска казна од три години...

После објавувањето на пресудата за Сашо Мијалков, обвинителката Фетаи Фатиме побара веднаш и куќен притвор

Пресуда за “Титаник 2”: Сашо Мијалков осуден на ефективна казна затвор од три години„

На денешната судска седница донессени се следниве пресуди: Затворска казна од три...

Предметот „Талир“ се однесува за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски.

Случајот “Талир” ќе го води албанскиот судија Осман Шабани

Основниот суд Скопје 1 – Скопје информира денеска дека,судијата Осман Шабани ќе...

Се поставува прашањето како е правно можно она што е објавено во Службен весник да биде ставено на чекање, или одложено да влезе во сила со Уставен закон КОЈ Е ВЕЌЕ ВЛЕЗЕН ВО СИЛА?

Каракамишева: Одродената власт и натаму создава правен хаос во земјата и го крши Уставот.

Со изгласувањето на уставните амандмани во правниот систем СЕ СОЗДАДЕ НОВА ПРАВНА...