Републичкиот обвинител

Објавил: Калина Мартинска | 1 декември, 2024 19:26

Адвокат Дуковски: Коцевски доби шанса, но ја прокоцка

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Освен притисоци врз обвинители, цели шест месеци нема ништо друго од сработеното на државниот обвинител во борбата со криминалот и корупцијата.

Вака дел од адвокатската фела ја оценува работата на првиот човек на Државното обвинителство, Љубомир Коцевски. Нема ниту една сериозна истрага за организиран криминал, а не е мрднато со прст ниту за она што го остави неговиот претходник, Љубомир Јовевски како што е случајот со пожарот на модуларната болница во Тетово, коментира адвокатот Сашко Дуковски.

Пракса во Македонија е секоја владина гарнитура да избира нов обвинител. Сегашната постави направи чекор за поздравување и го остави Љубомир Коцевски да си ја сработи работата, коментира Дуковски. Според него, Коцевски добил и повеќе шанса, но залудно.

Изминатов период премиерот Христијан Мицкоски обвини дека обвинители „користеле вирус, дијареа и други изговори за да не постапуваат. Тој од собраниска говорница на последните пратенички прашања изјави дека над стотина пријави од истражните институции седат во фиоки кај обвинителите и не се постапува по нив. Според премиерот истечено е трпението акј граѓаните бидејќи за половина година не видоа ниту една истрага во расчистувањето со криминалот и корупцијата.

Мицкоски најави акција против судии и обвинители кои ја попречувале правдата

Љубомир Коцевски на ова одговорори дека не сака да коментира политички изјави сепак, го оправда отсуството на предметниот обвинител кој имал вирус и не можел да дојде на закажаниот состанок.

Во меѓувреме, Министерството за правда организира стручни дебати со цел да се донесат измена на законите за судски и обвинителски совет како дел од реформите во правосудството.

Меѓународната заедница бара имплементација на Извештајот на Оценската мисија што влезе во Судски, а власта очекува довербата на граѓаните во судството да се зголеми многу повеќе од сегашните 2 %.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.