Министерот за образование соопшти дека новите генерации на ученици треба да се едуцираат да живеат заедно во едно општество и во една заедница со оние кои се различни од себе

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 11:54

Адеми најави корекција на учебниците по партиски терк

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, очигледно не знае дека согласно сите учебници и учебни програми Македонија е мултинационална и мултикултурна држава со што се отвори прашањето зошто тоа се потенцира ден пред гласањето на уставните измени?

Бидејќи тоа е доблест, предност и основ за севкупниот просперитет, а не е нешто непожелно и ризик за конфликт, порача министерот за образование и наука Арбер Адеми на манифестацијата “Заедно градиме мостови” што се реализира во “Школка” во Градски парк во Скопје во соработка со ОБСЕ. 

Тој посочи дека Министерството го поддржува и директно учествува во реализацијата на проектот “Заедно градиме мостови”, кој, како што рече, е еден од најуспешно имплементираните во областа на образованието  и нагласи дека бенефитите од неговото спроведување веќе се чувствуваат во целата земја.

Главниот фокус во проектот се учениците од основните и средните училишта, нивните наставници и раководства кои организират разни активности преку кои најмладите се запознаваат со најосновните човечки, етички и морални вредности за толеранција и почит кон различностите и за почитување на културните и верските традиции на другите и традицијата на етничките заедници. – изјави Адеми.

Најави дека очекува проектот да продолжи да се гради и во периодот што следи. 

Клеменс Која, шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, посочи дека на настанoт во Скопје се присутни ученици од 27 училишта од земјава.

Задоволство ни е да го поддржиме овој проект затоа што сме убедени дека обединувањето на ученици од различни заедници е особено важно. Затоа со Министерството за образование и наука и со Министерството за труд и социјална политика соработуваме на овој проект кој е поддржан од грантови од различни земји. – рече Која. 

По ова отворено останува прашањето кога во своето 27 постоење како самостојна и независна држава и 74 години од државотворноста Република Македонија не пропагирама мултиетничко и мултикултурно заедништво, како и зошто овој настан е организиран ден пред гласањето на уставните измени во Собранието на Македонија, во кој ДУИ, партијата од каде доаѓа министерот Адеми има намера да го имплементира и законот за употреба на јазиците со што Македонија ќе стане и билингвална држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.