СЈО ја тресе тендерската документација на министерството за култура за 10 објекти од проектот Скопје 2014, кога министерка беше пратеничката Елизабета Канческа Милевска

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 10:17

Адеми потврди, СЈО води истрага за најмалку 10 објекти од “Скопје 2014”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Очигледно предметот “Тендери” на СЈО, кој се однесува на поранешната министерка за култура, актуелна пратеничка, Елизабета Канческа Милевска ќе добие надградба со уште неколку спорни објекти, освен музејот на ВМРО.

Имено дека СЈО не мирува, лично изјави актуелниот министер за култура, Адеми, кој истакна дека во министерството скоро секој ден има истражители на Јанева.

Станува збор за документи што се дел од истрагата за проектот „Скопје 2014“, односно за градењето на 10 објекти за кои постои сомневање дека при нивна изградба биле проневерени пари.

Министерот за култура, Асаф Адеми, во гостување на телевизиска емисија на ТВ 21 откри дека вработени во министерството секојдневно фотокопираат документи на барање на Специјалното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција.

Поранешната министерка за култура, актуелна пратеничка и координаторка на група во законодавниот дом на одметнатите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата сеуште мета на истрага на СЈО за уште 10 објекти освен оној на ВМРО?

Адеми вели дека неколку вработени по цел ден фотокопираат документи.

Замислете колку обемна документација беше потреба да се исфотокопира и да им се достави на истражните органи. Верувајте дека значителен број вработени во Министерството не прават ништо друго освен што копираат документи. – изјави Адеми.

СЈО за проектот “Скопје 2014” има отворено еден предмет, каде првообвинета е Канческа Милевска при што во објавата Обвинителката Фатиме Фетаи истакна:

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) откри дека последниот тендер од еден милион евра за завршните работи за Музејот на ВМРО бил наместен. Станува збор за нова истрага на СЈО, со кодно име „Тендери“, во која првоосомничена, е министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Освен неа, осомничени за злоупотреба на службената положба се уште три членови на комисијата за јавни набавки.

Според обвинителката Фатиме Фетаи, на 14 јуни 2011 година по телефон, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на раководното лице од фирмата Бетон – Штип, му кажала да ги работи завршните работи на Музејот на македонската борба, а дека тендерот ќе биде објавен подоцна.

Министерката, според СЈО, рекла дека сe е договорено за ниту една друга фирма да не може да го добие тендерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од МВР и официјално ја потврдија информацијата. Оттаму велат дека денеска околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен. По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

Пронајдено телото на удавеното 16 годишно момче во Претор

По два дена трагање по телото на момчето кое трагично загина на 2-ри август во Претор,...

Станува збор за 23-годишната студентка Артина Ќазими од гостиварски Добри Дол кандидатка на Алијанса за Албанците и Алтернатива на листа во изборна единица 6.

Студентката Артина Ќазими е најмладата пратеничка во македонското собрание!

На денешната конститутивна седница, со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан, ниту...

За претседател на Комисијата на предлог на Џафери беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафие Садики Шакини.

Верифицирани мандатите на новите пратеници- Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

На денешната конститутивна седница во Собранието, присуствуваа 117 од вкупно 120пратеници,...

Како последица на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децениски напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости”.

Гутереш: Пандемијата доведе до најголемо нарушување на образованието во историјата

Денеска Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации рече дека оваа...