Нашите кадри од ДУИ досега кршеа табуа, кршеа некои бесмислени предрасуди.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 јануари, 2022 5:56

Адеми: Првиот премиер Албанец во Македонија е реалност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанец премиер во последните 100 дена од мандатот на Владата ќе урне уште едно табу, рече во вечерашното гостување на Алсат Арбр Адеми од ДУИ, наведувајќи дека оваа иницијатива има целосна поддршка од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и другите албански опозициски партии.

– Секако да, главната цел на овој парламентарен состав и оваа влада, која ја има нашата максимална поддршка е реализација на ветувањето за прв премиер Албанец предложен од ДУИ и кој ја ужива поддршката не само од СДСМ, туку и од ВМРО-ДПМНЕ и другите албански опозициски партии, барем така е констатирано.

Нашите кадри од ДУИ досега кршеа табуа, кршеа некои бесмислени предрасуди. На чело на сите институции во кои се нашите кадри докажаа дека ништо лошо не ѝ се случува на државата, вклучително и функцијата претседател на Собранието, првиот министер за надворешни работи, така што нема ништо лошо со државата, напротив нејзините позиции кон развојот се зајакнати. Негувана е вредноста на еднаквоста, рече Адеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

По вчерашниот ден во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери веќе е кристално јасно дека Собранието не е е повеќе демократска институција туку институција заробена од еден автократ кој што си дозволува да се однесува како Собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков Деловник и пред се крши основни човекови права“, изјави Мицевски!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесат интерпелација за Џафери

Интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери ќе поднесат Пратеничката...

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите

Ковачевски: Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската...

Претходно шефот на државата упати честитка за ваквата одлука и порача дека ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед.

Пендаровски и Вучиќ со заедничка фотографија од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ

Со заедничка фотографија во Давос македонскиот и српскиот Претседател Стево Пендаровски...

Од денеска шатори и вреќи за спиење пред владата, Независниот синдикат на професионални војници излезе на штрајк.

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА! Од...