Во името на Владата, министерот Адеми и делегацијата положија венец на спомен обележјето, а должна почит изразија и делегации од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, на Армијата на Македонија и на нашите здруженија во Босна и Херцеговина.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 февруари, 2020 16:34

АДЕМИ: Претседателе Трајковски, успеавме! Денес, вашата, мојата, нашата татковина е во НАТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми ја предводеше делегацијата на Владата во која беа и министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан, и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, на одбележувањето на годишнината на загинувањето на претседателот Борис Трајковски во Мостар.

Во своето обраќање на спомен обележјето во Ротимље, министерот Адеми се осврна на ликот и делот на претседателот Трајковски и неговото значење за поновата македонска политичка историја, со посебен фокус на неговата посветеност на евро-атлантската перспектива на државата и демократските вредности, пишува плус инфо.

– Претседателе Трајковски, успеавме! Денес, вашата, мојата, нашата татковина е во НАТО. И тоа е заеднички успех на сите кои силно веруваа во про-атлантската амбиција. Во вистинскиот момент, вие бевте еден од најгласните поддржувачи на оваа амбиција – истакна министерот Адеми.

Трајковски беше инаугуриран како втор по ред претседател на Македонија на 15-ти декември 1999 година.

Тој додаде дека за остварувањето на оваа и другите стратешки цели на земјата беа донесени тешки одлуки за иднината и кога тоа беше најпотребно, свесни дека таквите одлуки се во интерес на иднината, за државата, за нејзините граѓани.

– Денес во Мостар, во име на Владата на овој настан се присутни тројца претставници на македонската, на албанската и на турската заедница, кои не само во името на Владата и не само во името на Македонците, Албанците и Турците, туку и во име на сите наши сограѓани, Бошњаци, Власи, Срби, Роми и сите други, му оддаваме почит на претседателот Борис Трајковски, ѝ се поклонуваме на неговите вредности, визија, храброст и лидерство – заклучи Адеми.

Во името на Владата, министерот Адеми и делегацијата положија венец на спомен обележјето, а должна почит изразија и делегации од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, на Армијата на Македонија и на нашите здруженија во Босна и Херцеговина.

На одбележувањето присутни беа и заменик министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Јосип Бркиќ, федералниот министер за трговија Златан Вујановиќ, и претставници од кабинетот на Претседателството на државата, Советот на министри и градот Мостар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Билјана Беличанец-Алексиќ во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. Таа беше актерка во Драмскиот театар Скопје и мајка на две деца.

ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА БЕЛИЧАНЕЦ- Туфи никогаш нема да биде заборавена!

Пред една година на денешен ден Македонија ја потресе веста за смртта на една од најпознатите...

Џонсон бил сместен на интензивна нега поради „постојани симптоми на коронавирус“, јавува Даунинг стрит.

ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА НА БОРИС ЏОНСОН: Британскиот премиер итно пренесен на интензивна нега!

Британскиот премиер Борис Џонсон е сместен на интензивна нега поради корона вирусот. Премиерот...

Бабата на претседателот Стево Пендаровски, мајката на неговата сопруга Елизабета, починала вчера, а посмртно беа земени брисеви за вирусот Ковид-19.

Излегоа резултатите од тестот за коронавирус на бабата на претседателот која почина вчера!

Денеска од кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски информираа дека...