СОНК на 23 август донесе одлука за предупредувачки штрајк на првиот училишен ден. Синдикатот бара покачување на платите на просветните работници за 25 отсто.

Објавил: Перо Милчин | 1 септември, 2019 14:15

АДЕМИ: ” Учебната година да почне утре, имаме решение и одлука за повисока плата”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми денеска на прес-конференција ги повика директорите и наставниците во основните и средните училишта утре да почнат со работа. Тој нагласи дека штрајк се организира во услови кога нема решение.

Министерот Арбер Адеми рече дека ќе продолжат разговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и му порача на Синдикатот да не штрајкува и повика учебната година да почне утре.

„Штрајк се организира во услови кога нема решение. Ние имаме решение и одлука за повисока плата“, рече Адеми и додаде дека учебната година стартува со новиот Закон за основно образование и Законот за наставници кој е фокусиран на кариерниот развој на просветните работници.

Претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков на прес-конференција изјави дека наставниците утре остануваат дома, а настава ќе има од вторник.

„Нашите членови и сите други кои не се наши членови, а сакаат да се приклучат, ќе бидат во штрајк. Тие ќе одат на работа, но ќе бидат во просторија одредена за штрајк и нема да ги прифаќаат учениците дојдени на училиште“, рече Неделков.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование