„Господине Заев, за ова што си го изјавил пред грчкиот телевизиски аудиториум во држава што поседува изградени политички критериуми би морал да се засрамиш.

Објавил: Перо Милчин | 22 јули, 2019 9:59

ЗАЕВ доби ЖЕЖОК ШАМАР од Академик Павловски: “ЗАСРАМИ СЕ, РАЗМИСЛУВАЈ ПРЕД ДА ОТВОРИШ УСТА„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

По скандалозното интервју на македонскиот премиер Зоран Заев, кој го даде за грчката телевизија Алфа, се огласи македонскиот писател и академик Божин Павловски.

Академик Божин Павловски му порача на премиерот да се засрами за изјавата пред грчкиот телевизиски аудиториум, во држава што поседува изградени политички критериуми. Академик Павловски рече дека доказ се над 70 илјади наслови на книги и публикации во нашите библиотеки и архиви.

Заев во интервјуто вели дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.

„Господине Заев, за ова што си го изјавил пред грчкиот телевизиски аудиториум во држава што поседува изградени политички критериуми би морал да се засрамиш. 99 проценти од македонската наука, култура и уметност е беспрекорно коректна кон сите свои соседи.

Доказ се над 70 илјади наслови на книги и публикации во нашите библиотеки и архиви. Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот? Твоето површно гледање на работите може да го разори целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза. Размислувај пред да отвориш уста, те молам“, напиша Павловски.

Божин Павловски е роден на 7 јануари 1942 година во селото Жван, во близината на Демир Хисар. Во родното место го завршил основното училиште, а во Битола завршил за ветеринарен техничар. Во 1961 година се вработил во ветеринарната служба во Уб, Србија, но кон крајот на годината се вратил во Битола, каде се запишал на Вишата земјоделска школа. Во 1962 година освоил прва награда на едне конкурс за расказ по што се преселил во Скопје, каде работел во весниците „Студентски збор“ и „Трудбеник“, а потоа во редакцијата на „Млад борец“. 

Божин Павловски е македонски писател и редовен член на МАНУ. Тој живее и твори во Скопје и Мелбурн.

Павловски бил долгогодишен главен уредник на издавачката куќа „Мисла“ во Скопје, а исто така, е основач на издавачката куќа АЕА, основана во 1992 година во Мелбурн, Австралија. Оваа издавачка куќа ги издава весниците „Денес“ и „Македонија денес“ кои се вбројуваат меѓу највлијателните етнички весници во Австралија, САД и Канада.

Во 1996 година, Павловски станал главен уредник на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. Бил член на Македонската академија на науките и уметностите и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 до 2013 година). Во 2013 година од страна на Комисијата за верификација на фактите на Република Македонија е утврдена неговата соработка со тајните безбедносни служби на поранешната СФРЈ.[3] МАНУ ја има осудено ваквата одлука.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин.

Млад Македонец киднапиран во Тирана – киднаперите барале 250.000 евра, познат идентитетот на заложникот

Македонската јавноста остана во шок по веста за киднапирањеето на Македонецот Давор...

Да кажеме дека и мислењето е почитувано, а и граѓаните во оваа држава, без разлика дали се Македонци, Албанци или сите други, се позадоволни“, рече Шекеринска.

ШЕЌЕРИНСКА: Венецијанската комисија има полиберален став, ќе го разгледаме предлогот

Заменик – претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, на денешната прес конференција...

Бујар Османи не може да се помири со фактот дека ниванта желба за Албанизирање на Македонија е спречена барем во моментов

Дали Бујар Османи најавува војна во Македонија како онаа во 2001?

Бујар Османи не може да се помири со фактот дека нивната желба за Албанизирање на Македонија...

„Прв пат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени. Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб“, рече Рускоска.

РУСКОСКА: Прв пат ги слушам снимките – Обвинителството ќе ги истражува и тоа кој ги објавил на Јутјуб

На јутјуб вчера се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот...