Академијата за судии и јавни обвинители се уште ја чека одлуката од ДКСК со која и официјално ќе потврди дека го прекршува законот, на начин со кој се отвора вратата за вработување на идни судии и обвинители со постапки, во изборен период.
Откако ќе ја добијат одлуката, планираат да ја искористат можноста и во рок од 24 часа да поднесат приговор до Управниот суд.
Од Академијата денеска рекоа дека на самата јавна седница на ДКСД имало многу процедурални повреди, рокот за одговор што и бил даден на Академијата по претставката бил скратен за 3 часа, тројца членови за кои имало индиции на судир на интерси не се изземале од постапување во конкретниот случај и ДКСК не ги прифатила предложените сведоци од Академијата, за што ќе бараат судска заштита.
„Академијата ќе ја спори одлуката и од материјален аспект бидејќи како доказ дека не станува збор за класичен работен однос е тоа што по завршување на постапката со полагање на фазите од приемниот испит, кандидатите се упатени на управен спор пред Управните судови, а не на работен спор пред граѓанските судови. Академијата искрено верува во инситуциите на системот и ќе ја почитува одлуката во Управниот суд и согласно истата доколку биде уважена тужба на АСЈО ќе продолжи со Приемниот испит, за што благовремено ќе ги извести кандидатите“ – велат од Академија за судии и јавни обвинители.
Одлука на ДКСК
Државната комисија за спречување на корупцијата едногласно со пет гласа го усвои приговорот поднесен од Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател на државата, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а кој се однесува за кршење на изборните правила.
Од ДКСК велат дека сомневањата за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и од Изборниот законик се основани и со тоа приговорот поднесен од страна на Силјановска-Давкова се усвојува.
Оттаму најавија дека ќе преземат мерки согласно надлежностите и ќе иницираат постапка за утврдување на одговорност пред надлежните органи.
ДКСК го прифати приговорот на Силјановска Давкова против Академијата за судии
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.