Морам да потенцирам, ако луѓето се придржуваат кон овие мерки ќе ги избегнеме тешките рестрикции“, вели Филипче.

Објавил: Стојче Бушин | 9 октомври, 2020 22:49

“Ако луѓето се придржуваат кон овие мерки ќе ги избегнеме тешките рестрикции“, вели Филипче

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „360 Степени“ зборуваше за очекуваното зголемување на бројките на заразени од коронавирусот и за мерките коишто се планираат за спречување на ширење на заразата.

Во текот на летото направивме еден план за рестрикции и имплементирање на рестрикции кои прво може да се таргетирани во одредени делови на земјата, па да важат за градови, општини итн…

Сега сметаме дека е време да се воведат мерки на територијата на целата држава за носење маски и почитување на дистанца, односно забрана за групирање. Следните мерки коишто доаѓаат во предвид се – прво ограничување во делот на јавниот превоз, понатаму, скратување на работното време на одредени компании, пред се угостителски објекти и секако, како последна мерка би била рестрикција во движењето насекаде.

Морам да потенцирам, ако луѓето се придржуваат кон овие мерки ќе ги избегнеме тешките рестрикции“, вели Филипче.

„Во текот на вчерашниот ден имавме средба со независна угостителска комора коишто бараа да се отворат ноќните клубови и да се одржуваат свадби. Апсолутно сметаме дека е тоа неприфатливо. Свесни сме притоа дека доколку има мерки коишто ние ги препорачуваме и некои од компаниите трпат некаква штета, дека тука е државата да им помогне и финансиски и со соодветен план за поддршка. Во таа смисла ќе се одржат и состаноци со економските сектори, со премиерот лично за да им се укаже на тоа колку е битно да се почитуваат овие протоколи. Дека токму на тие настани коишто тие бараат да се одржуваат се случуваат прекршување на мерките и имаме мини кластери од таквите настани“, вели министерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Понудивме многу работи како решенија за ковид-кризата, но односот на власта е ингорантски и бевме одбиени, вели лидерот на опзициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Незадоволен сум од справувањето на здравствените власти со короната

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител изјави дека е...

Според Петровски, за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ се подготвува Александар Николоски, потпретседател на оваа партија.

Петровски тврди дека ќе има смена на Мицкоски, Николоски ќе биде новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ!

Опозициската ВМРО ДПМНЕ подготвува смена на актуелниот лидер на партијата, Христијан...

Се повеќе пациенти со Ковид-19 се примаат во болница. Исполнети се веќе и првите катови од интернистичката клиника во Скопје, а почнуваат да се примаат пациенти и во хируршките одделенија.

Ова е вонредна состојба во нашиот здравствен систем, вели Филиче

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Сител...

Гоце Делчев да му го одземеш на македонскиот народ тоа е како Џорџ Вашингтон да им го земеш на американците. Без Делчев нема држава, за него не се преговара, рече Апасиев.

АПАСИЕВ: Без Делчев нема држава, за него не се преговара!

Еднаш свиткана кичма, секогаш свиткана кичма. Љубчо и Бранко и покрај сите недоразбирања...