Во соопштението на авиокомпанијата се вели дека луѓето со температура повисока од 38 степени Целзиусови нема да можат да се качат во авионот.

Објавил: Стојче Бушин | 9 мај, 2020 16:46

АКО САКАТЕ ДА ЛЕТАТЕ- НОВИ ПРАВИЛА: Од понеделник Ер Франс воведува мерење температура и задолжително носење маска!

Фото/Текст извор: ©Magazin.mk

Француската авиокомпанија „Ер Франс” од наредната недела ќе ја мери температурата на патниците и ќе бара од нив да носат заштитни маски за време на летот.

Во соопштението на авиокомпанијата се вели дека луѓето со температура повисока од 38 степени Целзиусови нема да можат да се качат во авионот.

Според „Ер Франс”, нивната резервација ќе биде променета за подоцнежен лет, без дополнителни трошоци, пренесува Би-Би-Си.

Франција се наоѓа во техничка рецесија, соопшти Народната банка, откако официјалните податоци потврдија дека економијата се намалила за 0,1 отсто уште во последниот квартал од 2019.

Во првите три месеци од годинава, француската економија паднала за уште 6 проценти.

Рецесијата се дефинира како два последователни квартали на економско намалување. Според Народната банка, ова е најлошиот резултат на земјата од 1945 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ким зборуваше на партиската средба за вирусот корона, додека Северна Кореја ги затвори границите и воведе карантин пред шест месеци.

КИМ СЕ ПОФАЛИ СО УСПЕХ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ: Детално го планиравме спречувањето на вирусот!

Водачот на Северна Кореја Ким Јонг Ун го поздрави „големиот успех“ во борбата против...

Иако сега пламенот е ставен делумно под контрола од локалната противпожарна единица, ветерот беше тој кој дополнително го отежнува целосното гаснење.

ГРЦИЈА ВО ПЛАМЕН: Пожари на грчките острови Евија и Крит

Големи пожари избија вчера на грчките острови Евија и Крит, а ветерот дополнително...

Светската здравствена организација предупреди дека пушењето е поврзано со поголем ризик од тешка коронавирусна болест и смрт кај болнички пациенти, иако не може да прецизира колку точно тие ризици можат да бидат повисоки.

ОТКРИЕНА ВРСКА МЕЃУ КОРОНАВИРУСОТ И ЦИГАРИТЕ: Пушачите ова мора да го знаат!

СЗО посочи дека пушачите сочинуваат 18% од хоспитализираните пациенти со коронавирус. Светската...

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус рече дека дневно се регистрираат до 160.000 случаи и ги повика сите земји да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот.

СЗО ГО ПРЕДУПРЕДУВА СВЕТОТ: Пандемијата е се повеќе присутна, придржувајте се до мерките за заштита!

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 60% од 10 милиони пациенти ширум...