Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на електрична енергија, тие може да поднесат претставка до РКЕ.

Објавил: Стојче Бушин | 17 октомври, 2020 10:38

Ако сметките за струја се повисоки од реалната потрошувачка, граѓаните да достават жалби до РКЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

– Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија ги известува потрошувачите дека можат да достават приговор до РКЕ доколку добиените сметките за електрична енергија отстапуваат од реалната потрошувачка на електрична енергија.

Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на електрична енергија, тие може да поднесат претставка до РКЕ.

Комисијата за жалби која функционира во рамките на РКЕ ќе им даде приоритет на решавање. Во изминатиов период имаме укажување од потрошувачите дека добиваат високи сметки за електрична енергија за еден месец, а следниот месец добиваат само за улично осветлување.

Ние по овие претставки постапуваме веднаш, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

-Во исто време ги потсетуваме потрошувачите од категорија домаќинства дека Универзалниот снабдувач односно ЕВН Хоме не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија. 

Ранливиот потрошувач има можност за одложено плаќање или плаќање на минимум шест еднакви рати доколку има доспеан долг.

Исто така, ранливиот потрошувач кој е заведен во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика има право од ЕВН Хоме да бара да биде ослободен од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема, потенцираат од Регулаторната комисија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Захариева потсети дека Бугарија го фокусираше својот прв период од ротирачкото претседателство со ЕУ во 2018 година на забрзаниот пристап на земјите од Западен Балкан во 27-члениот блок.

Захариева: С. Македонија да признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски корен

Северна Македонија мора да признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски...

На Јавниот повик имаат право да учествуваат правни лица: здруженија на граѓани, конзорциум на организации, научни установи, фондации и други.

Изработка на Стратегија за млади на Град Скопје со акциски план за период 2021-2025!

Град Скопје објави Јавен повик за изработка на Стратегија за млади на Град Скопје со...

Бојан Јовановски пак беше осуден на деветгодишна затворска казна за случајот “Рекет”, а му се суди и за случајот “Меѓународен сојуз”.

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски влезе во ШУТКА на издржување на затворската казна!

По 15 месеци поминати во притвор, вчера од истражниот затвор “Скопје” излезе Бојан...

Воздухопловот кој превезувал 40 лица од Србија и 20 лица од Македонија полета напладне од аеродромот во Карлсруе, потврди регионалниот совет.

Депортирани 20 македонски државјани со авион од Германија

60 лица пред два дена беа депортирани од Германија со  лет од аеродромот Баден кон...