Шилегов не сака кога го чистат Скопје, си го сака такво, како депонија, па активистите кои го чистат со акции, со посредство на полиција ги сместува во психијатриска болница

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 12:30

Актерката Ристиќ приведена па однесена во “Бардовци” оти чистела ѓубре пред Влада

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Актерката и граѓанска активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица “Беко” бидејќи, како што вели, чистела догорчиња од цигари пред Влада.

Ристиќ вели дека односот на полицајците бил арогантен, а три часа од приведувањето не и дозволиле ниту да повика адвокат.

Ирена Ристиќ денес со низа ФБ постови за синоќешниот немил настан поради кој МВР се обидела да ја згрижи во психијатриска болница.

“Македонија во гола кожа. Полициска станица “Беко”. Психијатриска болница “Бардовци”. И јас.

Се налутија што собирам догорчиња пред Влада. Да не бевте емотивно врзани, па ве изреметив?

Едвај ги убедив дека имам право на адвокат”, напиша на социјалните мрежи актерката Ристиќ, која ова го смета за притисок врз неа.

Таа сведочи дека од полициската станица се обиделе да ја стават во психијатриската болница “Бардовци”, но, откако ја однеле дотаму, ја вратиле повторно во полициксата станица.

Ирена Ристиќ пред два месеца почна со граѓанската иницијатива “Не биди ѓубре” во која членуваат повеќе јавни личности, но и волонтери.

Тие организираат акции за чистење на различни локации на кои има смет. Последната акција се одвиваше во Марков манастир, каде што активистите собрале 98 вреќи со ѓубре.

Од МВР велат дека го проверуваат случајот со Ристиќ, по што ќе дадат информации за тоа што се случувало.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Разговорот најверојатно се води некаде на отворено, а може да се слушне лидерот на СДСМ како објаснува дека тој ги исчистил сите луѓе на Бранко Црвенковски од СДСМ, а потоа објаснува колку капитал имал.

ДВЕ НОВИ МЕГА БОМБИ ЗА ЗАЕВ: Јас го земав СДСМ, Бранко нема никакво влијание! Имам капитал 8,5 милиони евра, се сам финансирам!

Денеска нови аудио мега бомби од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“...

Последниот кој бил повикан како граѓанин за добивање на информации бил Зоран Милески Кичеец кој вчера попладне со адвокат се одзвал на повикот во полициската станица Карпош.

Нови „бомби“ за Заев и Јанушев: Кичеец бил во полиција и потврдил дека гласот е негов

Нови бомби во оптек, но партиските лидери уште не добија покана за да дојдат во полиција...

Во оваа насока, професор Марковски потенцира дека доколку се развие вакцина пред пред 2022, тоа само ќе биде потврда на теориите на заговор дека со нејзиното производство е започнато пред да се појави болеста и пред да се прогласи пандемија со Ковид-19.

ВЕЛО МАРКОВСКИ: Вакцина против вирус не се прави за една година

Некој што веќе се изборил со корона вирусот, не може повторно да биде позитивен, смета...

Директорката на Кумановската болница двапати беше во самоизолација, еднаш на почетокот на кризата кога се врати од приватно патување, а вториот пат кога член на нејзиното семејство присуствуваше на партискиот состанок по што беше откриено дека директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна, но резултатите беа негативни.

Директорката на кумановската болница позитивна на Ковид – 19

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи...