Познатата холивудска актерка Џенифер Гарнер е најубавата жена во светото според магазинот Пипл.
Списанието секоја година прави избор за најубава жена во светот, а годинава таатитула и припадна на актерката Џенифер Гарнер која е прогласена за најубава жена за 2019 година.
Инаку Џенифер е поранешна сопруга на познатиот заводник, актерот Бен Афлек. Таа го доби заслужното место на насловната страница на „Пипл“, за кој открива дека ја знае тајната за безвремената убавина.
47-годишната актерка, во природно издание без шминка, ја краси насловната страница на списанието.
„Веднаш по враќањето од некој настан или снимање, ми велат да ја тргнам шминката од лицето, да ја врзам косата и да ставам очила. Тоа е моето омилено издание и за мене тоа претставува комплимент“, вели Гарнер, која неодамна за магазинот „Харпер“ откри дека приватно не сака да се шминка.
Џенифер има 47 години и е на прагот на петтата деценија. Таа во едно интервју откри дека за нејзиниот изглед голема заслуга имаат и нејзините три деца Вајолет (13), Серафина (10) и Семјуел (7).
Како што самата актерка открива, била изненадена од оваа титула, бидејќи таа не се смета за премногу убава ниту, пак, размислувала на тој начин за себе, но сепак е задоволна и благодарна на титулата.
Минатата година за најубава жена во изборот на магазинот „Пипл“ беше избрана Пинк.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.