Скандалот со пратеникот Павле Богоевски не мирува.

Објавил: Сара Фемина | 15 мај, 2019 16:36

Актерот Драган Спасов-Дац: “Очекувам оставка од Павле Богоевски„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Актерот Драган Спасов – Дац бара итна оставка од пратеникот Павле Богоевски по неговото признание дека на објавената аудио снимка набавувал масло од канабис.

После вчерашниот скандал со пратеникот Павле Богоевски дека на објавената аудио снимка набавувал масло од канабис, на социјалните мрежи се огласи и актерот Драган Спасов Дац, кој бара оставка итна од Богоевски.

Очекувам оставка од Павле Богоевски. Како што е ред, нели? – пишува актерот на својот профил на Фејсбук.

Пратеникот Богоевски се огласи во врска со снимката која се појави на руската мрежа „Вконтакте“. Профилот кој се претставува како „Илија Громовник“ кој ја објави снимката на социјалните мрежи тврдеше дека Богоевски е снимен како нарачува кокаин.

Дали тоа е мојот глас на снимката? Да.

Дали разговарам за супстанца чиј промет е забранет?

Да. Но, во овој разговор не нарачувам кокаин.

Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и’ помогна таму каде другите лекови не можеа да и’ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам се’ додека е потребно“, вели Богоевски.

Богоевски вели дека објавениот телефонски разговор не потекнува од протечените прислушувани разговори, туку тврди дека бил нелегално снимен од такситот кој го возел додека Богоевски зборувал на телефон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

–Дали тоа е причината што Русковска ја опструира истрагата за рекет од преку 20 милиони евра?, прашува Малчески.

Снаа за брат на Вилма Русковска е вработена во МНАФ, со плата од околу 2000 евра!

Снаа за брат на Русковска од пред некој месец е вработена во МНАФ, со плата од околу...

Кога планира СДСМ да се преименува во СДССМ – Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија? Онака, ми текна… – прашува новинарот Бранко Героски на својот фејсбук профил…

Кога планира СДСМ да се преименува во СДССМ – Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија?

Кога планира СДСМ да се преименува во СДССМ – Социјалдемократски сојуз на Северна...

Ленче Ристовска вчера на социјалните мрежи напиша дека со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок.

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА: “ИНТЕРЕСЕН ФЕНОМЕН – со продолжено движење подлабоко се тоне во живиот песок”

Обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска вчера на социјалните мрежи напиша статус на...

Сака да си се свиѓа, да си се лаже, да живее во култот што слугите му го градат, дека без него ќе сме биле се уште заробени.

Мицковски: Заев е фатен со спуштени гаќи и му остана да вришти и хистерише, да глуми мачо и жртва”

Новинарот Ивор Мицковски на социјалните мрежи напиша статус прашувајки: „Која беда...