Актерот Рубенс Муратовски на социјалните мрежи напиша дека за некого ,,педер” е навреда, за некого ,,Северна”.

Објавил: admin@magazin | 14 август, 2019 19:54

АКТЕРОТ РУБЕНС МУРАТОВСКИ: За некого ,,ПЕДЕР” е навреда, за некого ,,СЕВЕРНА”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актерот на Драмски театар Рубенс Муратовски на социјалните мрежи напиша дека за некого ,,педер” е навреда, за некого ,,Северна”. 

Целиот регион денеска пишуваше за скандалозната изјава на премиерот Зоран Заев, дека лично тој нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја урнеле неговата Влада.

Веднаш по изјавата, вчера и утрово повеќето медиуми ширум регионот  ја пренесоа интегрално навредливата изјава на Заев.

Актерот Рубенс Муратовски на социјалните мрежи напиша дека за некого ,,педер” е навреда, за некого ,,Северна”. 

За некого ,,педер” е навреда, за некого ,,Северна”. Почитувај ги различностите“, напиша Муратовски на Твитер.

ЛГБТИ испрати реакција до Заев:

Ве повикуваме да се извините јавно, овој пат по уште понавредливите оправдувања, со цел да се санира штетата предизвикана врз јавното мислење од вашата изјава. Но уште поважно, Ве повикуваме интензивно и сериозно да се зафатите со унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Тоа е единствен начин да се надомести за исклучувањето, стигмата и насилството кое оваа заедница го искусува и да се изгради едно општество за сите!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.