Омикрон предизвика голем скок на инфекции и приеми во болница. Бројот на КОВИД-пациенти во Велика Британија се искачи на 18 454 во четвртокот, двојно повеќе во однос на две недели претходно.

Објавил: Перо Милчин | 9 јануари, 2022 17:14

Активни над 9000 ковид-случаи во земјава, бројот на заразени во светот надмина 300 милиони

Фото/Текст извор: ©магазин

Надминати се девет илјади (9539) активни случаи на КОВИД-19 во земјава со новите потврдени 632 од вчерашната статистика за поминати 24 часа.

Над половина активни односно 5558 се во Скопје. Трицифрени бројки на заразени во моментов имаат уште 12 града, најмногу се во Битола – 755 и Прилеп – 546, а над 300 активни имаат Охрид – 396 и Кавадарци – 301.

Од новите 632 случаја, потврдени од направени 6531 тест,  470 се во Скопје. Од последици од КОВИД-19 во последното деноноќие починале седум лица и со нив вкупниот број луѓе кои ја загубија битката со коронавирусот е 8023.  Од почетокот на епидемијата бројот на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја достигна 232 068, а оздравени се  214 506 пациенти.

Во светот надмина 300 милиони вкупниот број регистрирани КОВИД-случаи. Тоа се должи на новите рекорди на инфицирани во десетици земји во текот на минатата недела поради брзото ширење на сојот омикрон.

Во изминатите седум дена, 34 земји го регистрирале својот најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата, вклучувајќи 18 нации во Европа и седум во Африка.

Омикрон предизвика голем скок на инфекции и приеми во болница. Бројот на КОВИД-пациенти во Велика Британија се искачи на 18 454 во четвртокот, двојно повеќе во однос на две недели претходно.

Поради зголемувањето на отсуствата на вработени во британските болници, армијата веќе му помага на медицинскиот персонал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Генерално, возраста има одредено влијание за некои типови на болки што се јавуваат, но кога се работи за болки во колената, сите се подеднакво изложени и тоа од различни причини

ЕФИКАСЕН ЛЕК ЗА БОЛКИ ВО КОЛЕНАТА!

Болките во колената се многу честа појава, со која се соочуваат луѓе од различни генерации....

Моментално нема друг ласер кој е побезбеден во поглед на несакани последици на околните ткива.

ЛАСЕР МЕД: Белград воведува најсовремена ласерска технологија за простата – ТУЛИЈУМ 200 ВАТИ !

Милиони мажи кои се постари од 50 години, секојдневно се соочуваат со проблеми поврзани...