Министерството за здравство вчера соопшти и за десет починати лица, од кои двајца се на 35 и 38 години. Со нив, вкупниот број починати од КОВИД-19 достигна 7242.

Од почетокот на епидемијата кај нас, КОВИД-дијагностицирани се 206 233, а оздравени се 191 132 пациенти, меѓу кои се и 326 кои беа евидентирани во здравствениот билтен вчера.

Објавил: Перо Милчин | 9 ноември, 2021 10:17

Активни 7856 случаи со коронавирус, ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

Фото/Текст извор: ©магазин

Активни случаи на коронавирус во земјава има 7859, меѓу кои се и новодијагностицираните 156 во вчерашната статистика.

Речиси половина од вкупниот број активни, односно 3691, се во Скопје. Трицифрени бројки има во 13 општини, а две од нив имаат над 400: Битола – 484 и Куманово – 406.

Најмногу од 156-те новозаразени (потврдени од 1309 тестирања) се од Скопје (91), по што следуваат Кавадарци со 19, Битола со 13, Прилеп и Куманово со по осум нови случаи.

Министерството за здравство вчера соопшти и за десет починати лица, од кои двајца се на 35 и 38 години. Со нив, вкупниот број починати од КОВИД-19 достигна 7242.

Од почетокот на епидемијата кај нас, КОВИД-дијагностицирани се 206 233, а оздравени се 191 132 пациенти, меѓу кои се и 326 кои беа евидентирани во здравствениот билтен вчера.

Министерството за здравство соопшти дека опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози се опфатени 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Во однос на аплицирањето вакцини на целата популација, вакцинирани се 39 отсто, а две дози вакцина примиле 37 отсто од популацијата. Трета доза вакцина примиле 43 376 граѓани.

Поради ширењето на вирусот се заострауваат антиковид-мерките во земји од регионот. Нови мерки вчера стапија во сила во Словенија каде е висок уделот на позитивни тестови од 43,3 отсто и има голем наплив на пациенти во болниците.

Просекот на потврдени инфекции во еден ден за последната недела е 2878.

Владата не се определи за затворање туку за мерки кои вклучуваат строга контрола на КОВИД-потврдите, заедно со документ за идентификација, како и ограничување на работното време за баровите, забрана за дискотеки и ноќни клубови, забрана за собирање надвор од кругот на семејството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Оздравеле 547 пациенти, а регистрирани се тројца починати во изминатите 24 часа и уште тројца од Регистарот за починати од ковид на Мој термин.

Нови 246 заразени со ковид, 547 оздравени и вкупно шест починати

Во изминатите 24 часа регистрирани се 246 нови случаи на ковид-19, од направени 4.072 тестирања,...

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 27 ноември до 24 декември, годинава.

Пријавени 266 новозаболени и 15 починати со ковид-19

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно...