Министерската одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре, во 6 часот наутро, а воведени се неколку промени, кои во петокот ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас.

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 јуни, 2021 15:41

АКТУЕЛНИТЕ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА ПРОДОЛЖЕНИ ЗА УШТЕ ЕДНА СЕДМИЦА

Фото/Текст извор: ©24 мк/магазин.мк

Правилата за влез во Грција што предвидуваат задолжителен PLF формулар и една од трите опции: сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19, продолжени се за уште една седмица и важат до 14 јуни 2021 година, а Македонија и понатаму е меѓу земјите за кои постои исклучок од забраната за патување во Грција за државјани на трети земји.

Министерската одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре, во 6 часот наутро, а воведени се неколку промени, кои во петокот ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас.

Негативниот ПЦР тест за влез во Грција, наместо од петгодишна возраст, задолжителен е за сите со наполнети шест години, 14-дневната изолација на позитивните случаи се заменува со десетдневна или со седумдневна доколку се работи за лице кое е веќе вакцинирано, а на листата земји за кои е дозволен влез во Грција додадена е Црна Гора.

Паралелно, истите правила и рестрикции што важат и за грчките државјани, важат и за странските туристи, како што се задолжителна употреба на маска и на отворено и на затворено, забрана за движење по 00.30 часот, поради полицискиот час, задолжително одржување дистанца итн.

Кон Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно 6 до 22 часот по македонско време.

Во посебен член од министерската одлука, детално се опишани предусловите и неопходните документи за влез во Грција.

Сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат две опции и една алтернативна можност, во однос на документите што треба да ги приложат, а се поврзани со Ковид-19.

Поконкретно, првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Втората опција е со негативен ПЦР тест, направен во последните 72 часа пред патувањето, во одобрена од државата на потекло, приватна или државна лабораторија и да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Израелските пратеници вчера ја изгласаа новата коалициска влада, со што означија и крај на 12 последователни години владеење на Бенјамин Нетанјаху.

Крај на 12-годишното владеење на Нетанјаху: Израел доби нова влада

71-годишниот политичар, не ја напушта власта тивко, заминува обвинувајќи ги своите...

Во пресрет на летната туристичка сезона, амбасадорите на 27-те земји на ЕУ ја одобрија препораката предложена од Европската комисија, а која не е обврзувачка за земјите-членки.

Членките на ЕУ се договорија за влегување на целосно вакцинирани патници од трети земји

Претставници на 27-те земји членки на Европската унија денеска се согласија да дозволат...

Иако Европската Комисија има поинаков став за конкретните вакцините, Мицотакис сепак вели дека тие остануваат на нивната позиција да ги признаат и тоа пред сѐ се однесува на руската вакцина, поради тоа што очекуваат туристи од Русија.

Грција ќе дозволи влез на туристи вакцинирани и со руската и кинеската вакцина

За летната сезона, Грција ќе дозволи влез на туристи кои се вакцинирани и со руската...