Повремено врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина од над 1000 метри.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 јануари, 2021 16:00

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СЛЕДУВА ВЕТЕР СО БРЗИНА ДО 80 КМ/ЧАС, ДОЖД И МНОГУ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ – ОД ПОНЕДЕЛНИК НОВ СТУД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што и најавивме нашата територија за време на викендот како и на почетокот од следната недела ќе се наоѓа под влијание на изразена циклонска активност која ќе услови променливо и врнежливо време.

Локално и тоа особено во западните предели врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2) На планините и тоа особено во западните  и северозападните предели ќе има ИНТЕНЗИВНИ снни врнежи каде снежната покривка ќе се зголеми за околу 40 до 50 сантиметри.

Повремено врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина од над 1000 метри.

Ќе дува умерен до засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер и тоа за време на викендот од јужен, а во понеделник од западен правец. Повремено и локално ветерот ќе достигнува брзина до околу 80 км/час. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Во понеделник температурите сеуште ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 15 степени во најтоплите предели, меѓутоа полека од север ќе се спушта студен воздух па така кон крајот на денот и во текот на ноќта кон втоник ќе врне дожд а на повисоките места и на планините ќе врне снег каде снежната покривка и понатаму ќе се зголемува. Исто така во текот на ноќта кон вторник веќе услови за врнежи од снег ќе има и на некои места со надморска височина од под 1000 метри.

Во вторник ветерот ќе биде од северен правец и ќе има врнежи од снег на повеќе места. Максималните дневни температури во вторник ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 степени во најтоплите предели од државава, додека кон крајот на денот и навечер на повеќе места ќе паѓаат под нулата и ќе има појава на голомразица.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во Пелагонија повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

ДЕНЕС РЕЛАТИВНО ТОПЛО – ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ

Денес претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност,...

Во петок облачноста полека ќе се зголемува, додека за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд.

РАНА НАЈАВА ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ – ДЕТАЛИ

Денес и утре времето во нашата држава ќе се задржи сончево и релативно топло со максимални...