Финансиска полиција

Објавил: Калина Мартинска | 5 февруари, 2025 12:04

Акција на Финансиската полиција – се претресува домот на Пеце Мирчевски, поранешниот директор на СОЗР

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Финасиската полиција влезе во домот на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски и врши претрес барајќи докази за сомневањата дека во периодот од 2021 година како директор на владината служба вршел злоупотреби во делот на јавните набавки. Претреси се вршат и во една скопска фирма која во тој период соработувала со Владата.

По наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Финансиската полиција освен во домот на Мирчевски врши претреси и кај управител на една скопска фирма која во периодот што се истражува соработувала со Владата.

Неофицијални извори велат дека станува збор за сомнежи за злоупотреба на случаи поврзани со јавни набавки, проневера, поткуп и други кривични дела.

Детали за акцијата се очекуваат во текот на денот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.