Концентрацијата на штетни материи во воздухот е 16 пати повисок од дозволените 50 микрограми на метар кубен. Ноќеска беа двојно зголемени и концентациите на ПМ 2,5 честичките кои наместо 50 микрограми на метар кубен, изнесуваа 123. Податоците на среднодневни концентрации на ПМ 10 од државните мерни станици путринава покажуваат 138 микрометар на метар кубен ПМ 10 со што Тетово е и најазагаден град во државата.

Објавил: Весна Петровска | 11 ноември, 2019 11:08

АЛАРМАНТНО:Тетово најзагаден град -екстремен број ПМ честички во воздухот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Екстремно висока концентрација од 801 микрограм на метар кубен ПМ10 честички во воздухот се забележани синоќа во 21 часот во Тетово преку државните мерни станици за мониторинг и мерење на квалитетот на воздухот на апликацијата за мобилни телефони „Мој воздух“.

Концентрацијата на штетни материи во воздухот е 16 пати повисок од дозволените 50 микрограми на метар кубен. Ноќеска беа двојно зголемени и концентациите на ПМ 2,5 честичките кои наместо 50 микрограми на метар кубен, изнесуваа 123. Податоците на среднодневни концентрации на ПМ 10 од државните мерни станици путринава покажуваат 138 микрометар на метар кубен ПМ 10 со што Тетово е и најазагаден град во државата.

Иако светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 денови со загаден воздух, односно зголемено присуство на отровните ПМ 10 и ПМ 2 честички, досега во 75 денови во Тетово се бележат високи концентрации штетните материи во воздухот. Бројката на денови кога е зголемена концетрацијата на штетните честички не е целосна со оглед дека од 26 април до 23 септември немаше мерења.

-Од 26 априла годинава инструментот за РМ10/2.5 е испратен во акредитирана лабораторија за калибрација во Виена, Австрија. По неговото враќање истиот е инсталиран на 23.09.2019 година и од тогаш има податоци за РМ10/2.5 од мерното место во Тетово, гласи одговорот од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Жителите на Тетово најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година кога од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните ПМ 10 честички. Во 2016 година имало 302 дена со загаден воздух, додека во 2017 година воздухот бил загаден во 134 денови, а во 41 немало податоци.

-Сезоната на алармантно загаден воздух најчесто се поклопува со почетокот на грејната сезона, односно последниве години концентрацијата на пием 10 честичките започнува да расте во есенските денови, го достигнува максимумот во зимските денови, почнува да опаѓа во пролетните, но речиси никогаш не се симнува под безбедните 50 микрограми на метар кубен воздух. Единствено во текот на летото според податоците кои Министерството за животна средина ретки беа деновите на надминување на безбедната граница за среднодневната концентрација, вели д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје во Тетово.

Мониторинг станицата во Тетово е инсталирана во април 2004 година и од почеток врши мерења на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Очекувам фер и демократска кампања, не само во третата изборна единица туку и на ниво на цела Македонија, иако целокупната јавност е сведок на начинот на кој СДСМ и Зоран Заев се обидуваа да влијаат и да вршат поткуп на граѓаните.

Јанушев за Фокус: На 15 јули народот ќе го прати Заев во политичка пензија!

Нашата програма е со преку 1.000 проекти, нема да ветуваме нешто што не можеме да го исполниме...

Ова е официјален документ на Викиликс, кој открива дека Груевски рече дека ќе го стори тоа, но дека народот не би дознал за тоа.

Викиликс објави доказ дека Груевски платил на албански терористи!

Како што е објавено во документите на Викиликс, поранешниот премиер на Македонија,...