Со климатските промени ќе се зајакнат сите метеоролошки феномени што резултираат во вакви временски непогоди, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

Објавил: Валерија Петрова | 14 ноември, 2019 12:08

Алармантно во Сплит: Нивото на морето екстремно покачено – ова е само ПОЧЕТОК!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Алармантно во Сплит нивото на морето највисоко во последниве 60 години.

Највисоко ниво на морето измерено од 1955 година во близина на Сплит, бран со рекордна висина во близина на Дубровник, поплави по должината на целото хрватско крајбрежје – тоа се само делови од целосното сценарио, кои се навестување за она што во следните години и децении ќе станува сè почеста појава, пишуваат хрватските медиуми.

Со климатските промени ќе се зајакнат сите метеоролошки феномени што резултираат во вакви временски непогоди, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

Геофизичарот Мирко Орлиќ, специјализиран за цунами, вели дека кај Дубровник во вторникот, 12 ноември, е измерен највисокиот бран со висина од 10,87 метри.

Ветерот и брановите се само дел од приказната за поплавите какви што малкумина во Хрватска паметат. Другиот дел е високото ниво на морето.

„Арктичкиот мраз годинава кон крајот на октомври беше на рекордно ниско ниво, најнизок досега, а сега е изедначен со претходното најниско ниво од 2012 година. Тоа е поврзано со глобалното затоплување, кое не е униформирано и еднакво во целиот свет, туку е поголемо кај половите, а помалку изразено на екваторот“, нагласува Орлиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=UOXgv-LvfXc&feature=emb_title

Тој вели дека тековните настани на Јадранот се еден вид поглед кон иднината.

Во последните триесет години нивото на морето во Јадранот е зголемено речиси седум сантиметри. Најпрвин се развивало побавно на целиот Медитеран, но во последните години нивото е изедначено со порастот на океаните во целиот свет.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Повелбата е провокативна и ненаучна и соодветно наиде на реакција од страна на лингвистите во БАН. Сето тоа се случува во заднината на свесното блокирање на работата на заедничката комисија за историски прашања, заради политизирани тези на историчарите од Скопје.

Бугарското ВМРО со реакција: Заев најдобро знае дали е „бугарин“

Зоран Заев во македонските медиуми изрази очекување дека Бугарија ќе треба да го „надмине...

Телото е во фаза на распаѓање, а како неофицијално дознаваат српските медиуми човекот најверојатно починал пред најмалку две, па можеби и пред пет години.

ХОРОР ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД: Пронајден е леш на маж, човекот ЛЕЖЕЛ МРТОВ ВО СТАНОТ 5 ГОДИНИ!

Телото пронајдено на Ј.Б (90) во неговиот стан, во центарот на Белград, кога соседите...

Знам дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис апсолутно знае дека да беше тој и да имаше еден таков договор ќе го потпишеше со три раце, а не со две – вели Алексис Ципрас .

Ципрас: Мицотакис со три раце ќе потпишеше договорот од Преспа

Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас во интервју за локалната...

Таа била мажена за Тито од 1952 до неговата смрт во 1980 година. По смртта на нејзиниот сопруг, целиот нејзин имот бил запленет и таа се преселила во вила која била сопственост на државата, каде таа наводно живеела под виртуелен домашен притвор.

Лудо била заљубена во него, носела пиштол за да го заштити- сведочење за Јованка Броз кое ќе ве замисли

Јованка Броз (родена Будисављевиќ ,7 декември 1924 година – 20 октомври 2013) била Првата...