Според директорот на болницата, д-р Драган Богоески, меѓу заразените се и 10 лица, медицински персонал, но тој уверува дека и покрај тоа, ситуацијата била под контрола.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 октомври, 2020 19:31

Алармантно и во Прилеп, болницата преполна, бројот на заразени секојдневно двоцифрен

Фото/Текст извор: ©алфа

Состојбата со ширењето на короната, во градот под марковите кули станува се поалармантна. Прилеп со денови има двоцифрени бројки на новозаразени, заради што денеска пак заседавше кризниот штаб.

Според директорот на болницата, д-р Драган Богоески, меѓу заразените се и 10 лица, медицински персонал, но тој уверува дека и покрај тоа, ситуацијата била под контрола.

Исто така, и капацитетот на инфективното одделение е преполн. Таму, во моментов се хоспитализирани 36 пациенти, иако место има само за 30.

Во исто време, заради големиот број на заразени, затворени се и две текстилни фабрики, како и една помала детска градинка, а додека во друга, дел од персоналот и деца, ставени се во изолација. Слична е состојбата и во неколку училишта, информираше градоначалникот Илија Јованоски.

Од денеска се воведуваат и построги, односно рестриктивни мерки во работењето на градскиот пазар, како и на јавниот градски сообраќај.

Од почетокот на пандемијата досега, во Прилеп починаа дури 49 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Тој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација, потенцираше министерот!

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, извести Филипче!

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни...

-Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ – старата болница на Систина, каде може да се сместат 100 пациенти.

ФИЛИПЧЕ: ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ЈА ОПРЕМУВААТ БОЛНИЦАТА „МАЛА БОГОРОДИЦА“, ЛЕКУВАЊЕТО ТАМУ НА ТОВАР НА ДРЖАВАТА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, по состанокот со сопствениците на приватните...

Изминатата недела во ЗД Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Ченто, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански беа направени 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.

БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА ОД УТРЕ ВО ШТИП, ГОСТИВАР, ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И КИЧЕВО

Во пет здравствени институции во државата од утре ќе се врши тестирање за коронавирус...