Министерството за одбрана на Албанија објави дека САД обезбедиле 29 нови повеќенаменски возила HMMWV за зајакнување на воените способности на оваа земја во пресрет на планираните воени вежби на НАТО во Југоисточна Европа.
„Албанските вооружени сили секогаш ќе бидат со Соединетите држави и со сојузот за одбрана и безбедност на нашите заеднички вредности“, им рече албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеси, на своите партнери во НАТО, пренесува АП.
Агенцијата наведува дека американскaта амбасадорка во Тирана, Јуриј Ким, истакнала дека донацијата на возила е дел од приоритетниот проект на САД, што помага во транзицијата на албанската армија, која ова лето ќе биде домаќин на дел од мултинационалните вежби, најголемата некогаш одржани во Југоисточна Европа и што ќе ја покаже важноста на Албанија во регионот.
САД претходно и испорачале три хеликоптери Блек Хок и повеќе повеќенаменски возила ХММВВ на Албанија, пренесува АП.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.