Земјотресот го регистрираше Сеизмолошкиот институт на Црна Гора 15 минути по полноќ, а епицентарот се наоѓа на 18 километри јужно од Медова.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 декември, 2019 11:21

АЛБАНИЈА ПОГОДЕНА СО НОВ ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,2 СТЕПЕНИ: СЕ ТРЕСЕ И ЦРНА ГОРА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новиот земјотрес кој беше регистриран во Албанија со јачина од 4,2 степени по Рихтер, се почувствува и во Црна Гора.

Силниот земјотрес го регистрираше Сеизмолошкиот институт на Црна Гора 15 минути по полноќ, а епицентарот се наоѓа на 18 километри јужно од Медова. Земјотресот бил со средна сила и хипоцентарот бил на длабочина од осум километри. 

Вкупно 50 починати и над 2.000 повредени беше билансот на трагичниот земјотрес кој ја погоди Албанија, откако спасувачката операција и официјално се прогласи како завршена од премиерот Еди Рама.

Потрагата по преживеани во земјотресот официјално е завршена, бидејќи според сведочења и официјалните податоци нема повеќе луѓе под урнатините, ниту исчезнати.

По најсилниот земјотрес кој се случи на 26.11.2019 и над 500 други афтер-шок удари, околу 900 згради во Драч и над 1.450 во Тирана останаа сериозно оштетени.

Сите држави од светот се вклучија во хуманитарна и спасувачка акција во помош на Албанија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Земјотресот се случил во централна Хрватска, на 60 километри од Загреб, објави Сеизмолошкиот институт на Србија.

НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ХРВАТСКА: Граѓаните во паника, се почуствува и во Белград

Нов земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска нешто...