Последниот Попис во Албанија беше спроведен во 2011 година

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 август, 2018 7:51

Албанија со Попис во 2020 и графи национална и верска припадност кои Македонија ќе ги укине

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанскиот Институт за статистика во 2020 година ќе спроведе Попис на населението – домаќинствата и земоделските стопанства – девет години по последната статистичка операција.

За првпат во пописниот формулар ќе постои графа на која граѓаните ќе може да ја искажат по своја волја етничката и верска припадност.

Директорката на Институтот – Делина Ибрахимај посочува дека по првпат попишувачот ќе го поставува и прашањето за етничката како и верската припадност но бидејќи тоа е лично право на секој поединец ова прашање не е задолжително да се одговори.

“Во формуларот ги поставуваме прашањата за етничката и верска припадност – но на нив одговорот не е задолжителен. Даваме можност секој поединец слободно да одговори или не на овие прашања. Тоа со цел да се избегнат многуте дебати присутни при претходните пописи.” – нагласува Ибрахимај.

Со цел да се надминат проблемите со личните податоци – Инситутот во подготовката на формуларот соработувал со Комесарот за заштита од дискриминација и ги почитувал стандардите на европските земји – Обединетите нации и Канцеларијата за статистика при ЕУ.

Пописот од 2011 година го бојкотираа припадниците на малцинствата па попишувачите ги попишуваа врз основа на податоците од матичните служби на населеното место.

Македонија Попис на население нема спроведено од 2002 година или цели 16 години а македонскиот колега на Ибрахимај – Апостол Симовски истакна дека Попис ќе имаме во 2021 година и дека полето за “етничка и верска припадност” воопшто и не треба да биде дел од пописниот материјал.

“Од статистичка гледна точка – етничката припадност и вероисповедта не играат никаква улога – бидејќи тоа се менливи категории и јас ќе се залагам овие две работи да не бидат дел од претстојниот пропис – туку единствено делот за мајчиниот јазик на лицата кои ќе бидат попишувани. Јазикот што се зборува во семејството е задолжителна категорија и таа секако ќе ја регистрираме.”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

МИЦКОСКИ: Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани

Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите...

Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Вице Заев: Објавените разговори се лаги- Заеви се чесни и вредни Македонци

Откако денеска на Јутјуб каналот се појави нова аудио бомба за Заеви, се огласи и Вице...

Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход!

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СКОПСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ

Градот Скопје со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање...