Како што изјави градоначалникот се работи за инвестиции од кичевчани кои се успешни бизнисмени во Западна Европа и Америка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 февруари, 2019 14:57

Албанската дијаспора почна да гради фабрики во Кичево

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Општинската админинистрација е подготвена за првите инвестиции од цела кичевската дијаспора кои ќе се реализираат напролет, рече градоначалникот Фатмир Дехари.

Актуелниот градоначалник Фатмир Дехари во интервју за локална телевизија ги информира жителите на Кичево, дека е при крај подготовката за да почне со работа фабриката за производство на палети во индустриската зоната во Иванидол  а во моментот се монтираат модерни машини кои се носат дел по дел од Швајцарија) од бизнисменот Агим Елези, по потекло од село Гарани, кој работи во Швајцарија.

Тој рече дека во овој регион се подготвува да се гради модерна приватна болница со најмодерна опрема од бизнисмен Албанец кој работи во Америка.

Како што изјави градоначалникот се работи за инвестиции од кичевчани кои се успешни бизнисмени во Западна Европа и Америка. 

Актуелниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари. По завршување на воениот конфликт во 2001 бил назначен за заменик директор на УБК, а потоа и за заменик-министер за внатрешни работи (2004–2006).Во 2001 година Дехари преминал во редовите на Ослободителната Народна Армија (ОНА), каде дејствувал како воен офицер. Пред почетокот на војната во Македонија Дехари во два наврати престојувал во Призрен – Косово, каде што слушал предавање и учествувал во обуката на Косовскиот заштитен корпус, организирана од тајната служба на ОВК, која во тој период беше под водство на Кадри Вејсели. Во досието понатаму пишува дека по враќањето во Македонија, веќе обучен, Дехари организирал два семинари за обука за боречки вештини и ракување лесно оружје во Албанија, во кампот кај Драч.

Се подготвува и теренот за почнување со градба на новата фабрика за преработка и флаширање вода, како и производство на безалкохолни пијалаци од бизнисменот Мефаил Ибиши кој исто така работи во Швајцарија, но е со потекло од Гарани.

-Оваа локација се наоѓа над стадионот на „Влазерими”, од левата страна на брегот на Зајашка река. Во овој регион се подготвува и се гради нова модерна приватна болница со модерна опрема од кичевски бизнисмен кој работи во САД Идриз Шабани.

Во село Премка се гради модерна живинарска фарма или поточно ќе се прошири бидеќи со помал капацитет и до сега работеше, а е инвестиција на Бурим Ахмети, повратник од Австрија во родното село Премка. Овие инвестиции може да се рече се завршена работа и кога ќе стартуваат ќе се знае колку луѓе ќе вработат, изјави градоначалникот Фатмир Дехари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.