Во Македонија, освен Арбен Џафери преку ДПА, не се појави репрезентативна партија на албанскиот етникум која би се борела за економска стабилност на сопствениот народ

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 12:47

Албанскиот етникум, економски истоштен е гневен на сопствените политичари

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Албанските политичари во Македонија, соочени со немањето поддршка од сопствениот етнички електорат, не успеваат да ја повратат јачината ни со националистички ветувања.

Имено и на македонскиот народ со албанско етничко потекло им стана повеќе од јасно дека скоро 28 години Македонските Албански политичари не се заинтересирани да му помогнат.

Почетокот на плурализмот се изгради врз грбот на ПДП – НПД кои пропаднаа само затоа што мислеа дека етничките албанци во Македонија ги интересираат националистичка барања.

Умерениот “радикален” одметник од ПДП – НДП, основачот на ДПА, Арбен Џафери 25 години, и по неговата смрт ја држеше партијата подалеку од националистичките политики од СДСМ, коалицирајќи за унитарна Македонија, економски стабилна за сите граѓани, без разлика на етничкиот предзнак.

Следеше ефектот на ДПА и Арбен Џафери, кои за волја на вистината покажаа разбирање за суштинските проблеми кај етничките албанци кои во основа не се разликуваат ни промил од проблемот на било кој граѓанин на Македонија, слабата економска моќ, нискиот животен стандард и немоќта да се обезбеди подобро утре за сметка на денешниот ден.

Терористичката ОНА преку политичкото крило ДУИ, во 2002 година премиерно ја реализираше програмата за национален колапс на Македонската држава и Македонската нација. Она што се случуваше за време на владеењето на ДУИ со СДСМ од 2002 до 2006 година денес е само со убрзано темпо.

Националистичките барања веќе покажаа дека етничкиот албански електорат е уморен од политиките на нивните застапници во законодавниот дом. И тоа јасно се гледа по очајната излезеност и поддршка изразена на референдумот за промена на името.

Дека ова е факт со кој се соочуаат албанските политички партии говори и ставот на најголемата, ДУИ, кои сега се поголеми Македонци од сите и бараат итно имплементирање на уставните измени и Преспанскиот договор само за ЕУ и НАТО интеграции. 

Зошто е тоа така?

Зијадин Села, ја распадна ДПА на два дела, пропагирајќи идеолошки политики на една држава на две нации, ветувајќи еднакви права по законите и Уставот заедно со Македонскиот народ, но без ниту една економска или социјална програма за сопствениот етникум.

ДУИ владеше 16 години со албанската половина до македонската политичка сцена. Во време на владеење на Ахмети беа легализирани Тетовскиот универзитет, беше прогласен општа амнестија за терористите на ОНА, беше проведен новиот Закон за територијална организација, а беа усвоени и амандамни на Уставот согласно барањата на терористите од 2001 година.

На изборите во 2016 година стана јасно дека ДУИ има можност да загуби од новоформираната БЕСА, додека вечната опозициона ДПА се преполови во две партии. Ахмети коалицираше со Заев само поради две нешта. Барањето да нема избори сега и веднаш и да ги искористи инструментите на моќ да влијае врз партиите конкуренти. 

Тоа се манифестираше со распадот на БЕСА, со што ДУИ повторно се позиционираше како најголема партија на албанскиот етникум во Македонија но со најмал број пратеници во историјата на нејзиното постоење и тоа благодарение на СДСМ.

БЕСА и Касами беа албанската политичка партија која требаше да ја замени ДУИ, партија која беше финансирана од Реџеп Таим Ердоган, но која застрани од социјалните политики за интеграција на албанскиот етникум и влезе во радикалните води на албанскиот национализам, поради кои и се распадна.

Одтука и барањето на ДУИ избори да има заедно со претседателските кога на албанскиот електорат ќе им понудат етнички Албанец за претседател.

Но во време кога и Албанците очекуваат подобар живот, тие нивните неспособности ги калемат на гранката која одамна е исушена на дрвото кое е престаро за да издржи таков терет. Така се констатира дека македонските Албански политичари се неспосбни да водат економија и затоа се занимаваат со прашања кои на никому добро не му носат освен на самите себе.

На избори за пратеници, редовни или превремени  БЕСА ќе премине на ниво на ДПА, ДПА и Алијанса за Албанците ќе бидат избршиани од политичката мапа додека ДУИ ќе се сведе на минорно ниво.

Тенденциите говорат дека во 2016 година кога процентот на електоратот беше најголем, албанскиот етникум им прати порака на своите политички претставници. Доста е со националистички идеолошки предизвици, и нивните деца во второ колено се иселуваат масовно од државата, причина поради која беше откажан и Пописот од 2011 година.

Дека ова е така, говори и статистиката:

Во девет изборни циклуси ВМРО – ДПМНЕ извршна власт формирало шест пати а СДСМ три пати а политичките партии на албанскиот еникум имале:

22 пратенички мандати на изборите во 1990 година

16 пратенички мандати на изборите во 1994 година

25 пратенички мандати на изборите во 1998 година

25 пратенички мандати на изборите во 2002 година

28 пратенички мандати на изборите во 2006 година

29 пратенички мандати на изборите во 2008 година

24 пратенички мандати на изборите од 2011 година

27 пратенички мандати на изборите од 2014 година

20 пратенички мандати на изборите од 2016 година

Според информации од партиските ограни на ДУИ на изборите кои најверојатно ќе се одржат во 2019 година заедно со шестите избори за претседател на Македонија, тие не очекуваат да се надмине бројката до 18 до 20 пратенички мандати од албанскиот етникум, од кои 2/3 би припаднале на ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев ми дава 25.000 евра во кеш.

ГЕРОСКИ НАЈАВУВА ТУЖБА: Миленко Неделковски има “ВИДЕО” каде Камчев му дава на Героски 25.000 евра во кеш?

Новинарот Бранко Героски вечерва на социјалните мрежи ги повика Саше Ивановски Политико...

Кој го овласти премиерот сам да избира шеф на некое ново обвинителство, прашува Каракамишева.

КАРАКАМИШЕВА: “Заев ја избра Русковска за шеф на СЈО, БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ, НИ ВЕЃА ДА МУ МРДНЕ”

Со новото законско решение, СЈО со обвинителите ќе функционираат во рамки на обвинителството...

Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против лицата Б.Ј и З.М, кои ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Б.Ј го товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Двајцата осомничени тргувале со влијание, убедувајќи луѓе кои се дел од истражна постапка дека се моќни кај јавен обвинител. 

КЛОПЧЕТО СЕ ОДМОТУВА: Запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција...

Jас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот – вели Пендаровски.

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа зборуваше за тоа дека...