Според статистичките податоци на Европската канцеларија за азил, во август, поднесени се 1.400 барања од албански граѓани, што е зголемување за 46 отсто во споредба со јули и повеќе од двојно во однос на јуни.

Објавил: Перо Милчин | 21 ноември, 2021 11:45

Албанските граѓани најбројни баратели на азил во ЕУ од земјите во регионот

Фото/Текст извор: ©магазин

Во текот на изминатото лето се бележи рекордно зголемување на бројот на баратели на азил од Албанија во земјите на Европската унија, со што и понатаму се најбројни споредено со земјите од регионот,  пренесува Ора њуз.  

Според статистичките податоци на Европската канцеларија за азил, во август, поднесени се 1.400 барања од албански граѓани, што е зголемување за 46 отсто во споредба со јули и повеќе од двојно во однос на јуни.

 Во август од вкупната бројка барања, 1.198 се нови, додека 234 повторени барања, а позитивно биле решени, односно статус на бегалец добиле само 10 лица. Во 2020 година пандемијата привремено ги суспендираше апликациите поради карантин и ограничувања за патување, но не ги спречи целосно. Повикувајќи се на статистиката, првпат по речиси две години, Албанците се меѓу граѓаните на десет земји од светот со најголем број апликации за азил во земјите на ЕУ, наведува телевизијата. 

Во периодот јануари-август имало 5.340 барања за азил, од кои 1.358 се повторни барања. Повеќе од 1.700 предмети се во постапка повеќе од 6 месеци. 

Во споредба со другите земји од регионот, Албанците го држат рекордот по број на барања во август, што резултира со речиси четири пати повисоки од втората земја по нас, а тоа е Македонија. Потоа следува Србија со 330 барања, па Босна и Херцеговина со 157, Косово со 148 и Црна Гора со 21 барање за азил, посочува Ора њуз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Претходно, немаше ниту еден ден без смртни случаи од Ковид-19 од 2 август 2020 година, според националната телевизија НХК. Во саботата, сепак, беа регистрирани три смртни случаи.

Јапонија без ниту еден смртен случај од Ковид-19 првпат по 15 месеци

Јапонија во неделата не забележа ниту еден смртен случај од Ковид-19, првпат по повеќе...

Затворањето, во кое се дозволени само основни продавници, како аптеки и супермаркети, а училиштата и државните градинки се затворени, доаѓа за време на еднонеделното затворање на компаниите низ целата земја од 30 октомври.

Москва воведе „локдаун“, луѓе во заштитни одела ги дезинфицираат улиците

Рускиот главен град Москва денеска ги воведе своите најстроги мерки за „локдаун“...

Од 27 септември, 6 проценти од последователните тестови покажаа подтип AY.4.2, се наведува во британскиот извештај за јавно здравје. Во извештајот се наведува дека проценките може да бидат неточни бидејќи било тешко да се следат мутациите на овој вид на вирусот.

Нова мутација на Делта вирусот

Научниците ширум светот внимателно го следат подвидот на многу заразна варијанта...