Специјалното обвинителство на Косово на 7 ноември покренало обвинение против Мисини, кој бил вратен во Косово од Сирија и кој како член на терористичката организација ИСИС се борел на Блискиот исток, пренесе порталот „Коссев“.

Објавил: Македонка Димкин | 1 декември, 2019 21:56

Албански Косовец со фалсификуван македонски пасош заминал во Сирија

Фото/Текст извор: ©Нова Македонија

Дваесет и деветгодишен жител на косовската општина Гнилане признал дека организирал и учествувал во терористички активности како член на Исламската држава (ИД). Во Сирија стигнал преку Грција и Турција со фалсификуван македонски пасош.

Како што јавува БИРН, косовскиот државјанин Агон Мисини се изјаснил за виновен за обвиненија за тероризам.

Специјалното обвинителство на Косово на 7 ноември покренало обвинение против Мисини, кој бил вратен во Косово од Сирија и кој како член на терористичката организација ИСИС се борел на Блискиот исток, пренесе порталот „Коссев“.

Специјалното обвинителство соопшти дека Мисини го напуштил Косово во јули 2015 година со цел да замине за Сирија. Откако контактирал со приврзаниците на терористичката организација на ИД, Мисини со автобус отпатувал за Грција во август 2015 година со употреба на фалсификуван македонски пасош како жител на Скопје, од каде што потоа заминал до турската граница.

Во обвинението е наведено дека по доаѓањето во Сирија се приклучил на ИД и по тактичко и борбено тренирање активно учествувал во војните во Сирија.

Тој бил уапсен од курдските сили на 26 јули 2017 година, а бил во притвор до април 2019 година кога бил вратен во Косово.

Мисини открил имињата на други членови на ИД и пред судот се покаал за делото. Пресудата ќе биде објавена утре.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја рангира земјава на осмото место во светски рамки по количините фрлена храна според бројот на жители

СИРОМАШНА, НО ПРИБИРЛИВА: Македонија меѓу рекордерите во фрлање храна

Македонија сиромашна но прибирлива, граѓаните и покрај тоа што се жалат за сиромаштијата...

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, парите за првите три месеци ќе бидат на сметките во декември.

Проверувајте си ги сметките – парите за скенирање на сметки ги имате на вашата трансакција

На вашите сметки треба да очекувате поврат на 15 осто од ДДВ. Средставата на повратот...

Имено македонските олимпијци се закитија со медали на  прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар.

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Ученици земаа пет медалји на олимпијада во Катар

Македонските ученици Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски,...