Зибери ќе бидел дел од тимот на Груби заедно со други експерти што тој ќе ги ангажирал со договор на дело

Објавил: Македонка Димкин | 13 септември, 2020 14:17

Албански премиер или Македонски вицепремиер, кој е Груби?

Фото/Текст извор: ©магазин

Зибери ќе бидел дел од тимот на Груби заедно со други експерти што тој ќе ги ангажирал са договор на дело

Неуставниот или таканаречен „прв„ вицепремиер во Владата на Зоран Заев,  Артан Груби, најави дека Насер Зибери, кандидатот за премиер на ДУИ кој очекувано и нерално неможеше да ја добие пренмиерската функција, отсега ќе биде дел од неговиот тим заедно со други експерти што тој ќе ги ангажира на договор на дело.

Насер Зибери нема да се вработи во министерството, но ќе биде дел од експертите кои ќе ја осмислуваат работата на овој нов ресор, најави Груби на прес конференција.

Како еден од првите приоритети во неговата работа, на  „новоизмислената функција„ прв вицепремиер, тој го најави систематизирањето  на 1.300 вработени на кои треба да им се најде место во државните институции и признавањето на нивните факултети. Дали со ова почнува да функџионира системот Држава во Држава?

-Тоа ќе биде министерство кое во целост треба да биде слика на нашето општество, рече Груби, но не кажа на кое општество?

Артан Груби е роден во Скопје на 7 јуни 1977 година. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет “Јустиниjан Први” со што се стекнал со звањето дипломиран новинар. Завршил постдипломски студии на Правниот факултет на отсекот новинарство, при Универзитетот „Кирил и Методиј“ и се стекнал со звање Магистер по медиуми и комуникации. Груби има четиринаесет годишно искуство со меѓународни организации во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Холандија и Косово при Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, НАТО, Хашкиот трибунал и американски агенции за помош со разни оперативни задачи. Тој е исто така е основач на невладината организација „Разбуди се!“.Зборува англиски јазик, а има познавање и на француски и холандски јазик, стои во неговата биографија.
Како пратеник на ДУИ вршел различни активности во македонското Собрание.
Бил член на Комитетот за односи меѓу заедниците, Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за европски прашања, каде бил и претседател, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за надворешна политика, каде бил заменик-член, Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, каде бил заменик-член…
Како пратеник бил потпреседател на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, претседател на Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на САД, член на Пратеничката група на Собранието за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, Ирска, Турција, Украина, и Холандија.

Функционерот на ДУИ, Артан Груби во новата влада „Е„ „прв вицепремиер“, функција која не ја познаваат македонските закони и министер за политички систем.

Груби изрази надеж дека деновиве ќе ги заокружат и имињата на замениците министри и државните скретари. ДУИ, како што рече, ќе има заменици министри во министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за транспорт и врски, за правда, здравство или вкупно пет. Дали со тоа ДУИ партијата која ја „тероризира„ Македонија со години ќе почне да создава своја држава во државата Македонија?

-Ќе има и пет државни секретари. Државниот секретар во министерството кое јас го раководам веќе е во процедура да почне со работа. Државниот секретар во Министерството за култура веќе е назначен од министерката за култура и другите тројца верувам дека ќе се назначат во текот на следната недела, рече Груби. Посочи дека ќе се комплетира целиот владин кабинет и ќе можат да функционираат потполно иако додаде дека и денес со овој состав функционираат одлично.

Груби смета дека сите имиња ќе бидат објавени утре, задутре или пак во наредните денови.

-Тоа што ги читав по електринските медиуми во изминитите денови се невистинити. Директорските места не се поделени. Ние имавме размена на пет директорски места со пет други директорски места, појасни Груби. Додаде дека станува збор за размена на управителите на претпријатијата со цел да се направи „освежување“ на овие директорски места, со нови идеи кои ќе дадат подобри резултати.

Груби вели дека имињата се уште не се знаат, но ќе бидат соопштени преку претставници на нивната партија, а не преку социјалните мрежи. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада и преку отворено писмо апелираат за подобрување на услугите во дипломатско-конзулантните преставништа на Македонија во Германија!

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада...

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од соработката меѓу двете земји, како и за организирањето на посетата на Зоран Заев на Бугарија!

Борисов до Заев: Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Македонија

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од...