
Спорт
Тенис
Дијана Ѓоковиќ, мајка на број еден тенисерот, Новак Ѓоковиќ, зборуваше во ТВ серијата „Мајките на шампионите“ на ТВ Арена за животот за време на патувањето на нејзиниот најстар син до светскиот врв, но и за тоа што следуваше кога зачекори на голема сцена и стана еден од најдобрите протагонисти на белиот спорт во историјата.
Тој имаше закани од Албанците кога рече дека Косово е Србија, вели Дијана Ѓоковиќ!
Тогаш во 2009 година нас не чуваа членовите на Скотландската гарда, јас многу се исплашив. Тој загуби од Сафин затоа што беше под притисок.
Не зборувавме за тоа, но тоа се моменти кога навистина се плашите за семејството. Исто така, децата од соседството, како што ми соопшти тогаш една жена, зависниците од наркотици сакаа да провалат во мојата куќа и да бараат откуп – рече Дајана.

Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан и Дијана Ѓоковиќ. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации. Новак е оженет со Јелена Ристиќ.
Тој започнал да игра тенис на четиригодишна ворзаст, а на осумгодишна возраст бил забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ, која за него изјавила: „Ова е најголемиот талент кој сум го видела од Моника Селеш“.
На возраст од 12 години, Новак поминал три месеци во тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен, Германија, а на возраст од 14 години, започнала неговата меѓународна тениска кариера, победувајќи на европскиот шампионат во поединечна, дубл и тимска конкуренција. Тој живее во Монте Карло, Монако.
Ѓоковиќ е, исто така, познат по неговите хумористични имитации на неговите пријатели помеѓу играчите надвор од теренот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.