Албанските опозициони партии побараа грижа за Албанската дијаспора, Заев и ДУИ ја премолчијаа реакцијата, прашање е за чиј народ Едмонд Адеми е министер за дијаспора?

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 12:22

Албанците побараа државата да се грижи за албанската дијаспора

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Албанската опозиција побара Македонија со Устав да се грижи за Албанците во дијаспората, иако по Устав Македонија има една дијаспора, Македонска која по етнички состав е мешовита.

Имено реакциите започнаа при сега веќе изгласаниот амандман 36 на Уставот на идната Северна Македонија.

Пратениците побартаа дел од амандманот 36 да го измени членот 49 од Уставот, опозициските партии бараат во ставовите 1 и 3 да се гарантира грижа на државата кон албанската дијаспората и зачувување на културно-историското наследство на Албанците во Македонија.

Зборувам за Албанци, државјани на Македонија кои живеат во странство. Имаме силна заедници и затоа постои потреба од нови формулации, кои ќе го гарантираат нашето право, не само кога живееме и работиме во странство, како државјани, но, исто така, моето право како Албанец, односно етничка заедница во ова општество. – рече Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса

На ова се надоврза и колегата од Алијанса за Албанците.

Кој ќе ги брани културните вредности и културното наследство на Албанците во Македонија? Албанците овде исто така имаат важни моменти од својата историја. Да не ги набројувам сите, но тука во оваа земја се одржа Конгресот за унифицирање на модерната азбука на Албанците, односно во Битола. – истакна Сирија Рашиди, пратеник на Алијанса за Албанците.

Грижата за дијаспората, за премиерот Зоран Заев е прифатлива и вреди да се консултираат експертите, додека утврдување на етничките групи, во делот за заштита на културно-историското наследство, според првиот човек на извршната власт ја губи вредноста уставната заштита.

За грижата за македонскиот идентитет во земјата имаме гаранции и за грижата за Албанците, Србите, Турците, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други. Со додавање на членот за грижа за албанскиот, србскиот, ромскиот и идентитетот на другите етнички групи навистина ја губиме смислата на членот и до тука верувам дека ние треба да се разбере едни со други. – рече премиерот Зоран Заев.

При разгледувањето на последниот нацрт-амандман кој беше изгласан, пратениците на ДУИ немаа забелешки за дијаспората и културното и историското наследство на Албанците во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Во текот на седницата, пратениците ги констатираа оставките на министрите за земјоделство и за култура, Љупчо Николовски и Асаф Адеми, како и на министерот за животна средина Садула Дураку и министерот без ресор Зоран Шапуриќ.

Денеска во Собранието ќе се гласа за избор на новите министри

На вчерашната седница во Собранието со мнозинство гласови, по десет часа расправа...